Вулкан Печива со Џем од Кајсии

Вулкан Печива со Џем од Кајсии

Ако сте расположени да испробате нешто ново во кујната и да ги изненадите вашите најмили со вкусен појадок или закуска, овие вулкан печива полнети со џем од кајсии се прекрасен избор. Колку добра комбинација се со чаша топло млеко или чај, мммм!

Необичното име е инспирирано од интересниот изглед на печивото: горниот дел е засечен и од него делува како да истекува џемот, потсетувајќи на лавата која излегува од вулканите! 🙂

Тестото ќе го обожавате: премеко и премиризливо е, а џемот од кајсии ја дополнува целата магија на оваа преубаво печиво. Вие можете да си изберете и ваш омилен џем, не мора да биде од кајсии.

Навистина преубав рецепт со кој може да си експериментирате за да ги задоволите вкусовите на сите. Кога ќе ги пробате овие преслатки печива, ќе ви бидат омилени!

Благодарност до Билјана Танасијевиќ (ecipecipecivo) за извонредниот рецепт!

Вулкан Печива со Џем од Кајсии Рецепт

Потребно ви е:

1/2 коцка свеж квасец

100 гр шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

250 мл млако млеко

100 гр стопен путер

Прстофат сол

1 јајце

1 кора од портокал, изрендана

500 до 550 гр брашно

Останати состојки:

Џем од кајсии или од друго овошје по ваш избор

Шеќер во прав

Подготовка:

Квасецот, една лажичка шеќер и лажичка брашно растопете ги во млакото млеко и оставете ги неколку минути за да се активира квасецот. Потоа, во 400 гр брашно, додајте ја солта, останатиот шеќер, ванилиниот шеќер, ренданата кора од портокал, путерот, изматеното јајце, и подготвениот квасец.

Спојте ги состојките и почнете да месите пополека, додавајќи го останатото брашно постепено, да добиете убаво меко тесто. Покријте го и оставете го на топло да се зголеми дупло.

Ова тесто го делите на 16 топчиња и секое од нив го расукувате во круг, во дијаметер околу 10 цм и ставате џем на средината, отприлика помалку од една лажица. Го затворате тестото кон средината, убаво спојувајќи го да не истече џемот.

Топчињата ги редите на плех со хартија за печење со споениот дел одоздола. Ги посипувате со шеќер во прав и со ножички или нож го засечувате врвот на секое топче хоризонтално и вертикално, како крст. Можете и малку да ги подигнете ивиците кон горе со ножот.

Покријте ги и вклучете ја рерната на 200 степени Ц и потоа ги печете 20 до 25 минути.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 9600 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *