Конечно дојде и тој момент и јас да ги испробам виралните Њујорк полжавчиња, попознати како кромболони (комбинација од кроасан и крофна)!
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Бомболини-Италијански Мини Крофни
Ми “фатија око” на моето патување со моите ќерки во Будимпешта каде што беа во скоро секоја пекара и слаткарница и морав да ги испробам затоа што изгледаа феноменално.



Извонреден е и нивниот вкус: истовремено добивате најмеко и најкрцкаво лиснато тесто искомбинирано совршено со вашиот омилен крем (од чоколадо, од ф’стак, или било кој друг ваш омилен вкус).
За полжавчињата го користев мојот рецепт за лиснато тесто, а после печењето, ги наполнив со крем од ф’стак и ги декорирав со мелени ореви. Со овие полжавчиња, ќе се транспортирате во рајот на печива каде што овие полжавчиња се на врвот-идеалната комбинација на САД и Париз во еден рецепт!
Како Настанале Њујорк Полжавчињата (Кромболони)?
Кромболони, Њујорк Полжавчиња или Супериорен Кроасан се имиња кои се користат за оваа ролничка од лиснато тесто која била креирана од слаткарите во Lafayette Grand Cafe and Bakery во Њујорк.
Овие кроасани во форма на круг најчесто се полнат со благ фил и се декорирааат со вкусни топинзи како ореви, течно чоколадо, бадеми, итн.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Неодоливи Кроасани за Целото Семејство
Слаткарите од оваа пекара дошле до идејата затоа што сакале да направат уникатен чоколаден кроасан. После голем број на обиди, дошло до оваа креација и нејзино лансирање на социјалните мрежи во 2020 кога впрочем и станува популарна.
Па така, оваа кул креација денес можете да ја пробате во скоро секоја пекара низ светот со голем број на полнења и декорации, како и во Скопје. Со мојот рецепт, конечно ќе можете и вие да си го испробате оваа светски познато печиво во домашни услови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Крафини-Превкусни Кроасани како Мафини
Њујорк Полжавчиња Рецепт
За тестото:
600 гр. брашно
250 мл. млако млеко
150 мл. масло за готвење
2 јајца
2 лажици шеќер
малку сол
1 лажица сув квасец
1 кесичка ванилин шеќер
Останато:
250 гр. путер/маргарин
1 јајце за премачкување
Подготовка:
Замесете меко тесто од сите состојки. Покријте го и нека отстои 15 минути.
На работна површина, развлечете голема правоаголна кора. На средина на кората, нарендајте го целиот путер. Почнете да го преклопувате тестото (постапка за подготовка на домашно лиснато тесто која можете да ја видите на овој линк).
Замотајте го во кеса и нека отстои во замрзнувач 30 минути.
Кога ќе го извадите, развлечете голема правоаголна кора. Преклопете го повторно како за лиснато тесто, без путер/маргарин. Повторно оди во замрзнувач уште 30 минути.
Извадете го тестото и повторете ја постапката. Нека отстои 30 минути во замрзнувач и кога ќе го извадите, развлечете голема правоаголна кора и исечете ленти, по должина или ширина, од околу 2 цм.
Секоја лента ја виткате како полжав и ја префрлате во прстени за печење, но хоризонтално. Нека отстојат во прстените 1 час и премачкајте ги со претходно изматено јајце.
Печете ги полжавчињата во загреана рерна на 200 степени Ц, околу 20-25 минути, зависно од рерната.
Пред печење покријте ги со хартија за печење и притиснете со друго тавче за да не се подигнуваат во текот на печењето. Тавчето и хартијата можете да ги тргнете после 10 минути.
Супер совет:
Немате прстени за печење?-Нема проблем, можете истите да ги направите од алуминумска фолија!
За полнењето:
Крем од ф’стак
Декорација:
Мелени ореви
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!