Тројно Уживање: Чоко Плазма Торта со Лешници

Тројно Уживање: Чоко Плазма Торта со Лешници

Дојде, но и помина и тој долгоочекуван ден. 30 април беше мојот роденден, а вооедно и моето пензионирање. Ви благодарам на сите за преубавите желби и честитки кои ми ги упативте, ми го разубавивте овој период.

Се радувам на тоа што започнува нов дел од мојот живот и се надевам на многу убави и незаборавни моменти. Благодарна сум на пријателите што ги стекнав низ мојот работен век и иако имаше и убави но и тешки моменти, сите тие искуства ме направија подобар човек.

Роденден, пензионирање, и празници, нормално дека се подготвуваа торти и други вкусни јадења. За да ги одбележам овие моменти, решив да подготвам две торти, а една од нив беше преубавата чоко плазма торта со лешници.

Оваа тројно задоволство не е само превкусно, туку го има и најубавиот пресек што некогаш сте го виделе. Навистина фотогенична торта, која изобилува со одлични вкусови.

Чоко Плазма Торта со Лешници Рецепт

За корите (3 вакви):

5 белки

прстофат сол

7 лажици шеќер

6 лажици печени и сечкани лешници

3 лажици плазма

1 лажица оцет

1/2 лажица брашно

Подготовка:

Се матат белките со прстофат сол и се додава шеќерот. Се мати да добиете цврста смеса. На крај го додавате оцетот и матите уште малку. Потоа ги додавате останатите состојки и мешате со лажица.

Префрлете во тавче број 26. Печете на 180 степени Ц, 15 минути (времето може да биде помалку или повеќе, зависно од рерната).

За филот бр.1:

1 литар млеко

12 лажици шеќер

4 пудинга од чоколадо

Подготовка:

Се мешаат состојките заедно и се готви на тивок оган, постојано мешајќи, додека не добиете густ крем.

Оставете го да се олади на собна температура, покријте го со стреч фолија.

За филот бр.2:

15 жолтки

12 лажици шеќер

200 гр. чоколадо за готвење

325 гр. путер или маргарин, може и 50/50

4 кесички ванилин шеќер

200 гр. сечкани и печени лешници

200 гр. сечкана плазма

Подготовка:

Жолтките и шеќерот се матат и се готват на пареа, околу 15 до 20 минути, постојано мешајќи. Во топлиот фил ја додавате чоколадата и ванилиниот шеќер и промешајте убаво.

Оставете да се лади а во меѓувреме го матите путерот или маргаринот.

Кога ќе се оладат, спојте го филот број 1 со жолтките и шеќерот (филот бр.2) и додајте го и изматениот путер/маргарин. Убаво се мати со миксер и ги додавате лешниците и плазмата. Убаво измешајте со лажица.

За составување на тортата:

Кора 1

Фил

Кора 2

Фил

Кора 3

Фил

За декорација по желба (шлаг, ганаш крем, итн.)

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *