Совршена Домашна Чоколадна Торта

Совршена Домашна Чоколадна Торта

Иако имам подготвено многу домашни торти, оваа домашна чоколадна торта има посебно место во моето срце и секогаш и се навраќам со задоволство. Ја обожавам затоа што е богата со чоколадо и ме потсетува на еден преубав период од животот кога ја подготвував за родендените на моите ќерки-сите деца ја обожаваа!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Чоколадна Торта со Рум

Решив да ја направам повторно затоа што со оваа торта не можеш да погрешиш и мислам дека нема личност на која нема да и се допадне (освен ако не се љубители на црно чоколадо!). Знаејќи колку од вас ја сакаат, ќе го споделам и начинот на подготовка, чекор по чекор, за да можете да си ја подготвите и вие во домашни услови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Отидов да ја Пробам Познатата Добош Торта во Будимпешта, а Се Заљубив во Неодоливата Жербо

Еднаш кога ќе ја пробате, ќе ви стане омилена, сигурна сум. Ајде да го разгледаме рецептот заедно…

Совршена Домашна Чоколадна Торта Рецепт

Подготовка на првиот фил:

400 мл. млеко

200 гр. какао

8 лажици шеќер

Останато:

60 гр. маргарин

Подготовка:

Мешајте ги состојките со маталка да се соедини убаво какаото со млекото. Потоа, додајте го маргаринот и на ниска температура, постојано мешајќи, гответе да се згусне, но внимавајте да биде премногу густо.

Тргнете на страна да се олади целосно.

За корите (3 вакви):

5 белки

5 лажици шеќер

2 лажици од претходно подготвениот оладен фил

2 лажици плазма или мелени бисквити

1 лажица брашно

5 лажици мелени ореви

1/2 кесичка прашок за печиво

Подготовка:

Се матат белките додека не добиете цврста смеса. Постепено додавајте шеќер и матете убаво додека не се растопи шеќерот. Намалете ја брзината на миксерот и додајте го претходно подготвениот фил. Матете кратко пред да ги додадете останатите состојки. Измешајте со лажица да се соединат убаво.

Префрлете во тавче 26×26. Печете 15-20 минути на 180 степени Ц или зависно од рерната.

Чоколаден Фил:

15 жолтки

15 лажици шеќер

700 мл. млеко

2 пудинга од чоколадо

3 лажици брашно

Подготовка:

Сите состојки се мешаат убаво и на ниска температура се готви додека не добиете густ крем. Додека е топол филот, додајте 200 гр. путер или маргарин и 200 гр чоколадо за готвење. Мешајте да се растопат убаво состојките и да се соединат.

Покријте со стреч фолија и оставете да се олади целосно на собна температура. После 2 часа, префрлете ја во фрижидер да отстои 2 часа.

Кога ќе ја извадите од фрижидер, изматете убаво со миксер и додајте го претходно подготвениот прв фил. Можете да додадете малку млеко ако е прегуст кремот. Изматете убаво.

За составување на тортата:

Кора

Фил

Кора

Фил

Кора

Фил

Декорација по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *