Дали сакате да јадете Шогетен чоколада? Дали сакате чоколадни и богати торти? Ако одговорот е да, мора да го имате овој рецепт за торта во кој ја користев токму оваа чоколада.
Ја крстив тортата Шогетен поради тоа што рецептот е за добро познатата Милка торта, но наместо Милка чоколада, јас користев Шогетен млечна чоколада и бев позитивно изненадена од тоа колку го збогатува вкусот.

Милка тортата е една од најпознатите, тоа е сигурно, и многу ја сметаат за кралица на тортите (вклучувајќи ме и мене!), но овој пат сакав да експериментирам и да ја видам разликата.
Лично, ја обожавам Шогетен млечната чоколада, но и останатите верзии како тирамису, лешник, јагода, итн. Ако сакате да ги изненадите вашите најблиски со превкусно парче торта кое ќе оди совршено со шолја кафе, оваа торта е вистинскиот избор!
Шогетен Торта Рецепт
За корите, ќе ви биде потребно:
7 белки
7 лажици шеќер
1 лажица оцет
100 грама мелени печени лешници
2 лажици презла
Изматете ги белките, шеќерот и оцетот со миксер убаво па додајте ги лешниците и презлата и изматете со лажица.
Смесата се префрла во соодветно тавче, зависно од формата која ја сакате- јас користев круг тава број 28.
Печете на 120 степени Целзиусови, 30 минути.
За филот:
1 литар млеко
300 грама шеќер
21 жолтка
2 пудинга од ванила
250 мл млеко
250 грама путер
6 кесички ванила
Подготовка:
Првин, варете 1 литар млеко со 300 грама шеќер и додајте ги претходно посебно изматените жолтки, пудинзите од ванила и 250 мл. млеко. Гответе додека смесата не згусне.
Тргнете го на страна и кога ќе се олади, додајте претходно изматен 250 грама путер со 6 кесички ванила.
Филот се дели на 3 еднакви дела.
Во првиот фил, додајте:
200 грама бела шогетен млечна чоколадa
100 грама сецкани печени лешници
Во вториот фил, додајте:
200 грама црна Шогетен чоколада со какао и лешници
Во третиот фил, додајте:
100 грама мелени печени лешници
И, посебно се матат:
2 шлагa
Филувајте вака:
Една кора
Фил број 1
1/2 од изматениот шлаг
Втора кора
Фил бр. 2
1/2 од изматениот шлаг
Трета кора
Фил број 3
Декорација:
За декорација, јас користев ганаш крем.
Ќе ви биде потребно 200 мл слатка павлака и 200 грама црна чоколада Шогетен.
Одозгора, украсив и со мешавина од ситни колачиња, како што можете да видите од сликата. Се надевам дека ќе ви се допадне !
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!