Сочни и Меки: Домашни Брзи Пирошки

Сочни и Меки: Домашни Брзи Пирошки

Мислам дека многумина од вас ќе се сложат со мене дека нема нешто повкусно од домашни брзи пирошки. Дали за појадок, ручек или вечера, одличен избор се.

Сочни, меки и полни со вкус, ретко се лоша идеја-посебно затоа што најмалите ги обожаваат и им се радуваат!

Сочни и Меки Пирошки-Секогаш Супер Оброк

Пирошките потекнуваат од Русија и се симбол на нивната култура и денес се подготвуваат низ целиот свет, посебно на Балканот.

Имаразлични видови во поглед на формата, но основата е скоро секогаш иста. Всушност, пирошките се прават од тесто кое се полни со фил и потоа се пржат во масло или се печат.

Поради тоа што секогаш треба да си имаме барем еден одличен рецепт за пирошки, решив да го споделам во вас и мојот-лесен е и одличен и за помалку искусните во кујна.

Ги сервирав со редена Мимоза салата, за која исто ќе го споделам рецептот подолу!

Брзи Пирошки на Мој Начин

Потребно ви е:

1/2 брашно

250 мл топло млеко

1/2 коцка квасец

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

200 гр пире од компири измешано со 50 гр путер

2 жолтки изматени

Подготовка:

Споете ги сите состојки да направите меко и мазно тесто. Нека отстои 15 минути.

Потоа, поделете го тестото на 2 дела. Расукајте од двата дела правоаголна кора. Исечете по желба големина во облик на правоаголник.

Полнете по желба, може краставички, кашкавал, шунка, сирење, итн.

За да ги замотате, преклопете ги кратките краеви кон внатре. После ги виткате како ролат.

Извалкајте ги во изматена белка и презла измешани. Пржете во врело масло додека не добијат боја, отприлика 3 до 4 минути на секоја страна.

Одат одлично со редена Мимоза салата, а еве го и мојот рецепт. Пробајте ја, супер вкусна е!

Редена Мимоза Салата на Рецепт

Потребно ви е:

2 компири, средна големина, сварени и излупени и изрендани

200 гр кашкавал, рендан

4 варени јајца, рендани

4 кисели краставички рендани

300 гр кисела павлака

100 гр јогурт

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки освен киселата павлака и јогуртот кои ќе ги измешате заедно.

Редете еден ред павлака па од измешаните состојки. Повторувате додека не снемате состојки.

Формирајте како торта и украсете по желба.

На здравје!

Екстра Совет

Оваа салата е уште повкусна за јадење кога ќе отстои во фрижидер барем 15 минути.

Ако ги подготвите овие домашни брзи пирошки, не заборавајте да споделите со нас фотографии и кажете ни дали ви се допаднаа!

Пишете ни во коментар или во ФБ групата Gotvime so Jadranka!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *