Рафаело Торта Рецепт: Вкусна Комбинација од Бадеми, Ванила и Кокос

Рафаело Торта: Вкусна Комбинација од Бадеми, Ванила и Кокос

Белите торти нудат посебен вид на магија и имаат посебно место во моето срце. Знам колку мојата постара ќерка сака Рафаело, па решив да ја изненадам со таква торта. Оваа рафаело торта е доказ дека тортите со бело чоколадо и фил се еднакво неодоливи како и оние со црно чоколадо. Навистина, ова е една преубава торта која нуди визуелна убавина, но и вкусно патување кое не се заборава.

Слична содржина: Брзи Кокос и Ванила Коцки

Уживајте во вкусот на преубавиот фил со пудинг од ванила, ароматичните кори со бадеми, и неодоливиот кокос! Пресекот покажува дека вреди да се испроба, а што се ви е потребно за нејзина подготовка, дознајте подолу.

Слична содржина: Рафаело Коцки

Рафаело Торта Рецепт

За корите, потребно ви е (вакви 2):

4 белки

4 лажици шеќер

1 лажица оцет

4 лажици кокос

3 лажици мелени бадеми

1 лажица мелена плазма

1 лажица брашно

Подготовка:

Се матат белките и постепено се додава шеќерот додека не добиете густа смеса. На крај се додава оцетот. Матете уште една до две минути па додајте ги сувите состојки. Промешајте со лажица.

Префрлете во тавче број 26. Печете околу 15 минути на 170 степени Ц.

За филот:

750 мл млеко

8 жолтки

10 лажици шеќер

1 пудинг од ванила

6 лажици брашно

200 гр путер, несолен

3 кесички ванилин шеќер

100 гр бело чоколадо

Подготовка:

Сите состојки, освен чоколадото и путерот, убаво се матат со миксер и се става смесата на тивок оган да се добие густ крем. Гответе околу 10 минути, мешајќи постојано.

Во топлиот крем, додајте ги путерот и чоколадото. Изматете малку со миксер за да се соединат убаво состојките. Покријте со стреч фолија и нека се олади целосно на собна температура. Префрлете во фрижидер и нека отстои 1 до 2 часа.

Кога ќе го извадите и пред филување, изматете со миксер. Ако е прегуст филот, додајте малку млеко.

Плазма дел:

Околу 150 гр. Плазма

Малку млеко за потопување на Плазмата

За составување:

Кора

1/3 од филот

150 гр Плазма, секое од парчињата потопено во млеко се реди на целата површина

1/3 од филот

Кора

1/3 од филот

Се нанесува кокос одозгора (околу 50 гр.)

Декорација останата по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *