Отидов Да Ја Пробам Познатата Добош Торта во Будимпешта, а Се Заљубив Во Неодоливата Жербо!

Отидов Да Ја Пробам Познатата Добош Торта во Будимпешта, а Се Заљубив Во Неодоливата Жербо!

28 јануари е посебен ден за мене затоа што е роденден на мојата постара ќерка! Секоја година се трудам да ја изненадам со убав десерт, а овој пат одлучив тоа да биде Жербо тортата.

Изборот е симболичен и засекогаш ќе ме потсетува на нашето заедничко патување во Будимпешта и посетата на познатата слаткарница Gerbeaud каде и ја пробавме оваа прекрасна торта која не остави без зборови. Интересно е што причината да ја посетиме слаткарницата беше нивната позната Добош торта, а ние си заминавме од таму ,,опседнати” со нивната Жербо!

Затоа решив да ја подготвам неодоливата Жербо за нејзиниот роденден и можам да кажам дека вкусот е доста близок до оригиналниот на оваа слаткарница која постои од 1858 година!

Среќен роденден Ивана, ти посакувам да продолжиш да ме инспирираш секојдневно-горда сум што сум твоја мајка и нека оваа торта засекогаш биде спомен на нашето преубаво патување!

Неодоливата Жербо Торта: Рецепт

За корите ви е потребно:

400 гр. брашно

250 гр. несолен путер, отстоен на собна температура

1 јајце

2 жолтки

50 мл. млако млеко

1 кесичка ванилин шеќер

1 кесичка сув квасец

1/2 кесичка прашок за печиво

прстофат сол

За филот:

6 лажици мармалад од кајсии

250 гр. мелени ореви

150 гр. шеќер

Подготовка:

Во брашното, додајте ги останатите состојки и замесете меко тесто. Покријте го со стреч фолија или кеса и префрлете во фрижидер да отстои 30 минути.

Поделете го тестото на три еднакви делови. Од секој дел, развијте кора во големина на тавчето. Јас печев во тавче со димензии 20×30. Префрлете ја првата кора во тавчето и одозгора премачакајте со три лажици мармалад од кајсии и наросете половина од мелените ореви и половина од шеќерот.

Повторете го истото со втората кора и преостанатиот фил. Покрите со третата кора и избоцкајте ја со вилушка или чепкалка. Печете околу 35 минути на 170 степени Ц.

После печењето, оставете го колачот да отстои 30 минути, а потоа нанесете ја чоколадната глазура одозгора.

За да ја направите, стопете едно чоколадо за готвење со масло за готвење. Оставете ја тортата да отстои 12 или 24 часа и потоа сечете по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *