Превкусни Сендвич Печива

Превкусни Сендвич Печива

Овие превкусни сендвич печива се уникатен начин да си подготвите превкусен појадок или викенд јадење што ќе им се допадне на сите. Интересната подготовка ме привлече веднаш кога ја видов на едно видео, па решив да ги испробам.

Морам да ви признаам дека ова ми е новото омилено печиво.

Совршено ми е затоа што оди со било какво полнење, од салатка (марула, домати, краставички, итн.), кашкавал, сувомеснато до чварки (џимиринки) и други видови на месо. Можете и да си ги премачкате со секакви намази, од путер до хумус.

Искомбинирајте ги со јогурт или ајран и уживањето е загарантирано. Тестото е многу меко и преубаво на вкус.

Сендвич Печива

За тестото:

500 гр брашно

1 јајце

250 мл топло млеко

100 мл масло за готвење

1 коцка квасец

1 лажичка сол

4 лажички шеќер

1/2 кесичка прашок за печиво

Останати состојки:

100 гр растопен путер

1 јајце за премачкувањето

Сусам и други семиња по желба

Фил по желба

Подготовка:

Замесете меко тесто од состојките. Покријте го и нека отстои 40 минути. Потоа, тестото го делите на осум еднакви делови.

Од секој дел, расукајте кора во големина на средна чинија и премачкајте ја со растопен путер. Кругот го преклопувате на половина и го премачкувате пак со путер, па потоа го преклопувате уште еднаш. Ваквите триаголни форми ги ставате на хартија за печење.

Ги премачкувате печивата со изматено јајце и поросувате со сусам. Се печат на степени Ц, минути.

Кога се готови, ги сервирате со фил по желба или пак празни, зависно од вашата желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 9600 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *