Превкусна Идеја за Ручек: ,,Смачкани" Компири со Фета и Моцарела

Превкусна Идеја за Ручек: ,,Смачкани” Компири со Фета и Моцарела

Никогаш не е лоша идеја да си имаме плус рецепт за компири нели? Овие смачкани компири со фета и моцарела се токму таков рецепт-мора да ги пробате!

Лично, ги обожавам во разни варијанти, печени, варени, пржени: секогаш се превкусни.

Ако сте и вие како мене обожавател на овој зеленчук, ќе го сакате ептен овој предлог рецепт за ручек. Овие ,,смачкани” компири со фета и моцарела ќе ве освојат на првиот залак!

Толку се меки и миризливи, а се прават едноставно. Супер комбинација со месо, риба, салата или супа, вреди да се пробаат. Јас ги правам често, особено кога ќе ми ,,здосадат” стандардните рецепти со компири.

Ако решите да ги направите, ве охрабрувам да споделите со мене фотографија како ќе ви излезат-можете тоа да го направите во мојата ФБ група Готвиме со Јадранка, на мојот инстаграм gotvimesojadranka или во коментар на овој пост.

На овој начин, не само што ја покажувате вашата поддршка за нас, туку и ни помагате да продолжиме да споделуваме рецепти со вас!

,,Смачкани” Компири со Фета и Моцарела

Потребно ви е:

1 кг компири, со или без лушпа

200 гр моцарела

200 гр фета

Шака магданос, ситно исечкан

100 мл маслиново масло

сол

бибер

Подготовка:

Измијте ги компирите убаво, посебно ако одлучивте да ги варите со лушпата. Варете ги додека не оменкат, но не да се распаднати.

Можете и да ги варите со лушпа, па потоа да ги излупите ако сакате. Потоа, на тавче обложено со хартија, префрлете ги компирите и притиснете ги со долен дел од чаша.

Потоа, прелијте ги со маслиновото масло и посолете. Ставете и други зачини доколку сакате.

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени Ц. Печете околу 15 минути-додека не бидат крцкави и со златеникава боја. Времето зависи од рерната.

Потоа, додека компирите се врели, изрендајте ја фетата и моцарелата врз нив. Додајте свеж магданос и сервирајте.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *