Кога ќе кажеме бајадери, сите си го замислуваме оној стандарден вкус што го знаеме и ни е еден од омилените, нели?
Но, покрај стандардниот рецепт, можеме и многу да експериментираме и да си правиме и други комбинации кои се исто така прекрасни.
Една таква поинаква опција е дефинитивно оваа посна бајадера со смокви-супер е за оние кои постат или оние кои избегнуваат да јадат состојки од животинско потекло.
Плус, ако сакате да додавате суво овошје во вашите десерти и сте љубител на смокви, ова може да биде одличен десерт за вас.
Зошто да ја Направам оваа Бајадера со Смокви?
- може да се направи во посна или мрсна варијанта зависно од состојките кои ќе ги изберете
- брзо се подготвува и не ви одзема многу време
- може да стои неколку дена во фрижидер
- состојките не се прескапи
- одличен избор е за помалку искусните во кујна
- вкусот е извонреден!
Посна Бајадера со Смокви Рецепт
Потребно ви е:
150 гр чоколадо за готвење
80 мл масло за готвење
Стопете ги состојките на пареа. Потоа, наместете проѕирна фолија во правоаголна модла со димензии 23 цм на 15 цм и распоредете ја смесата убаво.
Ставете во замрзнувач 10 минути да отстои.
Потоа измешајте ги следниве состојки:
500 гр суви смокви, измелени на машина за месо
сок од 1 портокал
изрендана кора од 1 портокал
Распоредете ја мешавината врз подлогата од чоколадо што ја извадите од замрзнувач.
Потоа, направете шербет од:
150 гр шеќер
100 гр вода
Кога ќе зоврие, гответе 6 до 7 минути.
Додајте:
50 гр маргарин
250 гр бисквити (посни)
Измешајте убаво.
Тргнете на страна. Доколку е многу ретка смесата, додајте уште бисквити, а ако е густо, сок од портокал.
Расипете ја мешавината врз вториот слој и распоредете убаво.
Повторно на пареа стопете:
150 гр чоколадо
80 мл масло
Расипете и распоредете одозгора и израмнете убаво. Префрлете во фрижидер, најубаво да отстои 24 часа.
Сечете ги по желба (јас ги сечев 2.5 цм на 5 цм.).
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!