Обожавам вакви брзи, едноставни и превкусни колачиња! Оваа медено срце со домашен мармалад по ваш избор (јас користев од модри сливи) ќе ве освои со првиот залак.
Премеко, пресочно и неодоливо колаче кое е совршена комбинација со попладневното кафе или чај. Ова колаче е посно така да е соодветно за сите оние кои постат периодот пред Велигден или пак оние кои се на веганска исхрана.


Го препорачувам и за помалку искусните во кујна: едноставноста на подготовката ќе ве мотивира да поминувате повеќе време во кујна и да ги подобрувате вашите кулинарски способности.
Посен Колач: Медено Срце со Домашен Мармалад
Потребно ви е:
2 чаши вода
1 и 1/2 чаша шеќер
2 и 1/2 чаши брашно
2 лажици мармалад од модри сливи
1 лажица сода бикарбона
1 кесичка цимет
2 лажици какао
Oстанати состојки:
Околу 200 гр мармалад од модри сливи
Подготовка:
Измешајте ги шеќерот и водата па додајте ги останатите состојки (брашното последно). Измешајте со лажица или со миксер.
Во тавче премачкано со масло и со наросено брашно, префрлете половина од оваа смеса и печете ја 10 минути на 200 степени Ц.
Кога ќе го извадите од рерна, премачкајте го со 200 гр мармаладот и потоа додадете ја останатата смеса одозгора.
Враќате да се пече уште 15 минути, на 200 степени Ц.
За глазурата од чоколадо, потребно ви е:
1 чоколада за готвење
2 лажици масло
Се топат состојките и се посипува колачот одозгора.
Сечете по желба!
На здравје…
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 10,000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!