Од вкусни домашни десерти, никогаш доста.
Но, што ако постите?-Не грижете се затоа што постојат извонредни десерти како овој посен колач од розен кори и фил од мак и бисквити со незаборавен вкус!
Брза и едноставна подготовка, неколку состојки, и потполно уживање се само некои од причините зошто треба да си го подготвите овој колач и да ги поминете мирно деновите на Велигденскиот пост.



Сигурна сум дека сите ќе уживаат во ова слатко задоволство, од најмладите до највозрасните во вашето семејство.
Време е за рецептот!
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Ориентални Колачиња со Индиски Ореви и Урми-ПОСНО
Посен Колач со Розен Кори и Фил од Мак и Бисквити Рецепт
Потребно ви е:
400 мл вода
180 гр шеќер
200 гр маргарин
100 гр чоколадо за готвење
200 гр мелен мак
200 гр. мелени бисквити или мелена Плазма
1 пакување Розен кори
Подготовка:
Ставете ги шеќерот и водата во тенџере и на рингла. Кога ќе се стопи шеќерот, додајте го маргаринот. Тргнете го од ринглата и постепено додавајте го макот, мешајќи постојано. Вратете на рингла уште 5 минути.
Потоа, додајте го чоколадото па кога ќе се истопи, додајте ја Плазмата (или мелените бисквити) и измешајте убаво да добиете хомогена смеса. Оставете ја подготвената смеса да отстои 5-10 минути.
Секоја Розен кора ќе ја премачкате со 5 лажици од смесата и редете ги една врз друга. Последната кора не ја премачкувате со фил. Покријте го колачот со проѕирна фолија и кујнска крпа. Нека отстои за да се стегне околу 2-3 часа.
Потоа, прелијте го со чоколадна глазура и ставете го колачот во фрижидерот за да се стегне глазурата.
Сечете по желба.
На здравје!
За глазурата:
100 гр чоколадо
4 лажици масло за готвење
Подготовка:
Во микро или на рингла, истопете го чоколадото со маслото.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Посен Колач Медено Срце
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!