Кога сакате лесен, а превкусен ручек, топло ви го препорачувам оваа пилешко и њоки во сос од спанаќ и печурки.
Сосот го прави пилешкото совршено крцкаво однадвор, а меко одвнатре. Во комбинација со њоките, оваа јадење ги задоволува сите вкусови.
Совршен избор е и кога немате многу слободно време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво. Подготовката е брза и лесна.
Кремаст ручек кој гарантирано ќе им се допадне на сите. Додајте си го на вашето мени и никогаш нема да ги повторувате истите оброци во текот на неделата!
Пилешко и Њоки во Сос од Спанаќ и Печурки
За 2 порции:
300 гр бело месо
Претходно маринирано во сол, зачини по желба и маслиново масло
250 гр њоки
1 кромид, ситно исецкан
200 гр свежи печурки, исчистени и исецкани
2 чешниња лук, ситно исецкани
200 мл пилешки бујон
100 гр рендан кашкавал
50 гр пармезан
100 гр спанаќ, измиен и исецкан
Мајчина душица
Оригано
Малку сол
Црн бибер
Подготовка:
На маслиново масло, запржете го пилешкото месо од двете страни. Извадете го од тавчето, а во него додајте уште малку маслиново, лукчето и кромидот. Пропржете ги 2, 3 минути па додајте ги печурките.
Гответе уште толку време. Додајте го пилешкиот бујон и њоките (нив можете и претходно да си ги сварите па да ги додадете). По потреба, ако е прегусто, може да се додаде околу 100 мл вода.
Додајте ги зачините и промешајте. Вратете го и пилешкото во смесата. Гответе околу 10 до 12 минути на средна температура. Додајте го и спанаќот, пармезанот и кашкавалот. Гответе уште 2 до 3 минути.
Исецкајте го месото на поголеми парченца пред служење.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!