Ориентално Уживање: Баклава со Кадаиф и Ореви

Ориентално Уживање-Баклава со Кадаиф и Ореви

Доколку го следите мојот блог редовно, сигурна сум дека знаете колку обожавам баклави покрај домашните торти кои се мојата прва љубов. Баклава ми е еден од омилените десерти и уживам да испробувам нови рецепти.

Еден таков рецепт е овој за баклава со ореви и кадаиф. Кадаифот е звездата на оваа баклава: ја создава совршено-крцкавата текстура на оваа баклава, а комбинацијата со ореви ќе ве транспортира на некое ориентално место каде што убавата арома на баклава се чуствува насекаде во воздухот.

Подготовката е брза и едноставна па можете да си го изберете овој десерт кога немате многу слободно време, а сакате да направите домашен, вкусен десерт во кој сите ќе можат да уживаат.

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно!

Баклава со Кадаиф и Ореви Рецепт

Потребно ви е:

500 гр. кори за баклава

300 гр. ореви, 1/2 сечкани, 1/2 мелени

250 гр. кадаиф, ситно исечкан

1 кг. шеќер

1 литар вода

Сок од еден лимон

2 кесички ванилин шеќер

200 мл масло за готвење или путер

Подготовка:

Првиот чекор е подготовката на шербетот. Водата и шеќерот ги ставете во тенџере да зовријат. Откако ќе зоврие смесата, нека врие 7 минути па додајте го сокот од лимон (можете и неколку кришки од лимон).

Додајте го и ванилиниот шеќер. Оставете на страна да се олади целосно.

Првата кора се прска со масло и се става втората кора одозгора. Се прска и втората кора со масло. Посолете кадаиф низ целата кора. На крајот од кората, по ширина, се редат оревите. Се витка ролат.

Префрлете го во тавче а потоа повторете го истиот процес со остатокот од корите.

Пред да се печат, корите се сечат по желба, според саканата големина.

Се печат во загреана рерна на 180 степени Ц. 15 минути и уште 45 минути на 150 степени Ц. Полијте ја топлата баклава со ладниот шербет. Кога ќе ја извадите баклавата, почекајте 5 минути пред да ја полиете со шербетот.

На здравје!

Корисен совет:

Сакате покрцкава баклава?-Користете ладен шербет на топла баклава!

Сакате помека баклава?-Користете топол шербет на ладна баклава!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *