Верувајте ми, кога ќе ги пробате овие обланди ,,Седмо Небо”, ќе се уверите зошто се викаат така!
Извонредна комбинација на кафе и чоколадо, овие обланди се толку меки и префинети и ќе се прашувате зошто не сте го знаеле рецептот порано.



Обландите се печат премачкани со матена белка па затоа се превкусни и премеки. Совршено се вклопуваат со филот и кога ќе пробате, навистина ќе се чуствувате како да уживате во некое добро парче домашна торта.
Пресекот е прекрасен, а оревите гарантираат незаменлив вкус. Ако сте љубители на обланди и кафе, подгответе си ја за празниците-состојките се само неколку, а подготовката е лесна!
Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно…
Обланда ,,Седмо Небо” Рецепт
Потребно ви е:
2 листа од големо пакување обланди
6 белки
200 гр шеќер
200 гр ореви, мелени
Подготовка:
Се матат белките пенасто. Им се додава шеќерот и се продолжувате да матите убаво додека не се стопи шеќерот и не се соединат сите состојки. Додајте ги и оревите и промешајте со лажица.
Поделете ја смесата на два еднакви дела. Премачкајте еден лист со половина од смесата и ставете ја да се пече на хартија за печење во тавче. Печете 10 до 15 минути на 180 степени Ц-кремот треба да биде златно-жолтеникав.
Го повторувате истото со другиот лист. Испечените обланди се делат на два еднакви дела, да добиете вкупно четири листа.
За филот:
6 жолтки
150 гр шеќер
100 гр чоколадо за готвење
2, 3 лажици инстант кафе
200 гр путер
2 кесички ванилин шеќер
+50 гр мелени ореви за декорацијата одозгора
Подготовка:
Изматете ги жолтките и шеќерот пенасто и гответе ги на пареа или во микро да добиете густ крем. На пареа ви е потребно околу 20 до 25 минути. Во микро се прави малку побрзо.
Во топлата смеса додајте го кафето и чоколадото. Измешајте убаво за да се соедини се и нека се лади смесата на собна температура.
Посебно го матите путерот пенасто со ванилиниот шеќер. Додајте го на оладениот фил. Изматете ја смесата со миксер и поделете го на четири еднакви дела (за сите четири обланди).
Премачкајте ги трите кори и покријте со четвртата. Ставете одозгора тежок предмет да се спои се убаво. Четвртата обланда ја премачкувате после отстојувањето со останатиот фил.
Наросете мелени ореви и сечете по желба.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок за интересни видеа!