Ги обожавам новогодишните и божиќните празници затоа што се период на највкусната домашна храна. Исто така, во овој дел од годината навистина можеме да експериментираме со разни нови рецепти и да создадеме уникатна магична празнична трпеза.
Освен стандардните солени вкусни јадења на трпезата како што се солените кифлички, оваа новогодишна елка од тесто со фил од чоколаден крем и мармалад ќе биде супер додаток и ќе ви се допадне многу!
Тестото е премеко и премиризливо и оди одлично во комбинација со чоколаден крем и вашиот омилен фил. Сите од најмладите до највозрасните ќе уживаат во нејзиниот вкус но и интересен изглед. Бидете креативни и декорирајте си ја по желба.
Ајде да го видиме рецептот заедно!
Новогодишна Елка од Тесто со Чоколаден Крем и Мармалад Рецепт
Потребно ви е за тестото:
1/2 кг брашно
1 кесичка сув квасец
250 мл млеко
1 кесичка ванилин шеќер
100 мл масло за готвење
1 белка
2 до 3 лажици шеќер
прстофат сол
Останати состојки:
1 жолтка
Мармалад по желба
Чоколаден крем
Силиконска модла во облик на елка или можете со раце да ја формирате доколку немате ваква
Подготовка:
Замесете меко тесто од состојките. Нека отстои 20 минути. Се дели на два еднакви дела. Потоа, секој ден на два дела.
По еден дел од секое го ставате со намрсени раце во силиконска модла во форма на елка и го премачкувате со фил од мармалад и крем и го покривате со останатиот дел од тестото. Убаво се мести да се затвори од страните да не истече филот.
Премачкајте со жолтка. Нека отстои 20 минути па печете на 200 степени Ц загреана рерна, околу 25 минути. Нека се олади малку па извадете ја модлата.
Декорација по желба.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која брои скоро 10,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!