Неодоливата Барон Торта со Малини и Чоколадо

Неодоливата Барон Торта со Малини и Чоколадо

За роденденот на мојата помала ќерка денес, решив да и ја направам познатата Барон торта со малини и чоколадо. Таа обoжава шумско овошје, посебно во комбинација со чоколадо, па мислам дека направивме супер избор.

Ја немам правено претходно па затоа и се радував на новиот предизвик.

Верувајте ми-вкусот е извонреден. Толку е неодолива тортата затоа што чоколадото и филот од малините се надополнуваат еден со друг совршено. Благодарност до Маја Бабиќ од блогот Проверени Рецепти за преубавиот рецепт!

Токму кога мислите дека не можете повеќе затоа што ви е многу благо, тука е пријатната киселост од малините да ве освежи. Мислам дека нема поубав десерт!

Може да биде супер торта за некој посебен момент или пак да ви помогне да направите некој момент посебен и во обичен ден…

Барон Торта со Малини и Чоколадо Рецепт

За корите (ви требаат 4 вакви) :

12 белки

300 гр шеќер

60 гр какао

60 гр ситно мелени бадеми или бадемово брашно

Подготовка:

За една кора, изматете 3 белки да бидат пенасти па додајте 75 гр шеќер.

Измешајте заедно и додајте 15 гр просеано какао во прав и 15 гр од бадемите или бадемовото брашно. Измешајте со исклучен миксер да се соедини убаво.

Печете во плех 26 цм обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени Ц околу 18 до 20 минути. Потоа, со нож ја одвоjувате кората од тавчето и ја ставате на страна заедно со хартијата.

Повторувате и за другите 3 кори.

За чоколадниот фил:

12 жолтки

250 гр шеќер

50 гр какао

40 гр пудинг од чоколадо

400 мл млеко

200 гр чоколадо за готвење

180 гр путер

Подготовка:

Ставете ги 12те жолтки, 250 гр шеќер, 50 гр какао и 40 гр пудинг од чоколадо во сад за мешање и полека додавајте по малку млеко, (околу 70 до 100 мл од 400 мл). Измешајте убаво да нема грутки.

Додајте го и остатокот од млекото и пренесете на рингла. Загрејте и мешајте постојано додека не почне да згуснува. Потоа намалете на средна температура и гответе уште 2 до 3 минути, постојано мешајќи.

Во врелата смеса додајте ја искршената чоколада и путерот отстоен на собна температура. Промешајте уште малку да се стопи чоколадото и соединете убаво.

Покријте со стреч фолија и нека се олади на собна температура па ставете го во фрижидер да отстои, околу 2 до 3 часа.

Кога ќе го извадите, изматете со миксер. Измерете го филот и одвојте 150 гр за премачкувањето на тортата и за декорацијата.

Остатокот поделете го на три делови, 4та кора на се филува. Околу 1 кг и 200 гр треба да е отприлика.

За филот со малини:

400 гр малини

130 гр шеќер

40 гр пудинг од ванила

5 гр желатин

3 x 100 мл вода

Подготовка:

Малините, шеќерот и 100 мл од водата гответе ги додека не зовријат. Гответе уште 2 до 3 минути па тргнете од рингла. Можете да процедите за да ги тргнете семките, но и не мора, не сметаат воопшто.

Во посебен сад, разметете го пудингот од ванила со 100 мл вода, а во друг сад, изметете половина од желатинот со 100 мл вода. Оставете го на страна да се зголеми, па гответе го на тивок оган да се стопи и да биде течен.

Додајте го разматениот пудинг во зготвените малини (измешајте претходно) и желатинот. Вратете на рингла и мешајте постојано додека не се згусне.

Нека се олади-кога филувате, треба да е млак затоа што ќе се размачкува полесно.

Измерете го и овој фил и поделете го на три дела. Отприлика треба да е 800 гр вкупно.

За да ја составите тортата, во обрачот ја ставате првата кора заедно со хартијата и нанесувате 1/3 од чоколадниот фил и израмнувате.

Потоа и 1/3 од филот со малини и размачкувате. Потоа оди втора кора со хартијата одозгора па одлепете ја. Филувате исто. Потоа повторувате и со третата кора. После филот оди и четвртата кора од која не ја тргате хартијата.

Нека се олади тортата преку ноќ.

Наредниот ден, одвојте ја тортата со нож од калапот и одлепете ја горната хартија. Ставете чинија и превртете ја тортата и тргнете го калапот и хартијата што ќе е сега најгоре.

Премачкајте ја целата торта со претходно одвоениот чоколаден фил, околу 100 гр. Нека биде во тенок слој. Ја враќате во фрижидер. Потоа, ја ставате глазурата.

За глазурата:

120 гр чоколада за готвење

125 гр путер

Подготовка: Истопете ја чоколадата со путерот на ниска температура. Нека се олади малку пред да ја нанесувате. Треба да е ретка. Сипете одозгора на средина да се растече на сите страни. Размачкајте убаво насекаде.

За декорација:

1 лажичка какао

малку чоколаден фил, околу 50 гр

Неколку малини

Кога ќе се стегне малку глазурата, преку цедилка, наросете го горниот дел на тортата со какао. Означете ги парчињата и со малку од филот, нанесете топчиња на крајот од секое.

Одозгора, ставете по една малина, може и во средината.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

2 Comments

  1. Imam prasanje za merkite na tortava za.korite pisuvate po 15gr kakao i bademi no vo merkite imate 60gr sto bi znacelo po 20gr vo sekoja kora isto i za sekerot 75 ili 100gr? I vo filot go stavame puterot 180gr otkako ke se izladi posle 2do3 casa?

    • Го решивме ,,проблемот” на Инстаграм 🙂 Сега чекам фотографии и да ни кажеш дали ти се допадна-Среќни Празници од Gotvime so Jadranka!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *