Највкусните Домашни Ишлери со Чоколадо: Брз и Едноставен Рецепт

Највкусните Домашни Ишлери со Чоколадо: Брз и Едноставен Рецепт

Кога еднаш ќе пробате домашни ишлери со чоколадо, најверојатно ќе заборавите на оние купечките! Овој десерт е подееднакво омилен и кај најмладите и кај највозрасните, а тоа се должи на преубавиот спој на вкусови и текстури.

Вкусната и крцкава, ароматична кора искомбинирана со чоколадниот фил е полн погодок и ќе ги освои сите кои ќе ги испробаат вашите домашни ишлери. Исто така, многу ми се допадна тоа што рецептот е многу брз и едноставен, па може да го изберете кога очекувате гости или пак кога вашите најблиски ви бараат вкусен десерт, а немате многу слободно време.

Следете го рецептот чекор по чекор и откријте како да направите совршени домашни ишлери со крем од чоколадо, совршениот мини десерт!

Домашни Ишлери Рецепт: Направете Ги Совршените Ишлери во Домашни Услови

За тестотото ви е потребно:

200 гр. маргарин или путер, несолен

300 гр. брашно

100 гр. шеќер во прав

2 жолчки

3 лажици какао

Подготовка:

Изматете го маргаринот со жолчките и шеќерот во правот додека не се соединат. Додајте го какаото и брашното и префрлете на работна површина. Замесете меко тесто.

Исукајте убава кора од тестото од која ќе ги вадите кружните форми со помош на калап (можете со горниот дел на средна големина на чаша за вода). Префрлете ги формите во тавче и печете ги 10 минути на 180 степени Ц.

Додека се печат, време е да се подготви чоколадниот фил:

200 мл. слатка павлака

200 гр. чоколадо за готвење

Подготовка:

Можете да го подготвите филот на шпорет или во микробранова печка. Ако го изберете првиот начин, ставете ја слатката павлака на средна температура да се загрее и потоа ставете го чоколадото и мешајте постојано додека не се стопи чоколадото и не добиете хомогена смеса.

За вториот начин, ставете ги слатката павлака и чоколадото во соодветна чинија и пуштете ја печката на најниска температура, околу 4, 5 минути. Можете да ја извадите чинијата на 2 минути и да промешате и ќе можете да процените уште колку минути се потребни за да се истопи чоколадото целосно.

Префрлете го кремот во фрижидер да се излади целосно.

Потоа, изматете го со миксер.

За составување на ишлерите, нанесете една или две лажички од филот на една кора и поклопете со друга одозгора.

За чоколадната глазура:

100 гр. стопено чоколадо

3 лажици масло

Нанесете од глазурата на секое парче.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *