Ако сте од оние кои секогаш земаат карамела бомбони на каса во продавница, оваа карамела торта е совршениот десерт за вас!
Оваа торта ќе ве остави без зборови кога ќе ја пробате. Сочна и богата со неодолив фил, ќе се прашувате зошто не сте ја подготвиле порано!
Зошто да ја Пробам оваа Карамела Торта?
Совршен избор е за да си одбележите посебен момент и сите што ќе ја вкусат, нема да ја заборават, а посебно љубителите на карамела.
Ќе им се допадне на сите генерации, од најмладите до највозрасните. Во комбинација со интересна и креативна декорација, ќе биде преубаво изненадување за вашите најблиски. Кога станува збор за подготовката, не е многу комплицирана, иако ви требаат неколку часови.
Но,верувајте ми, навистина вреди кога ќе го видите крајниот резултат.
Ако немате многу време, а сте во потрага по вкусен и лесен десерт кој не треба да го печете, овој Плазма паша локум е извонреден избор!
Карамела Торта Рецепт
За корите (3 вакви ќе ви требаат):
6 белки
7 лажици шеќер
1 лажица оцет
Подготовка:
Изматете да биде пенаста и цврста смесата.
Додајте:
100 гр ореви, половина сецкани, половина мелени
50 гр сецкана чоколада
1 лажица брашно
1 лажица презла
Префрлете во тавче 20×30 и печете 20 до 25 минути на 180 степени Ц.
За филот:
300 гр шеќер
Карамелизирајте го на ниска температура.
Додајте му:
300 мл млеко
300 гр карамела бомбони
Тргнете на страна и мешајте постојано да се растопат карамелите и да се соедини убаво.
Посебно изматете:
18 жолтки
8 лажици брашно
500 мл млеко
Подготовка:
Потоа, делот со карамелите го ставате да зоврие и го додавате изматеното.
Гответе додека не добиете густ крем, околу 5 минути.
Тргнете на страна и покријте со стреч фолија да се олади. Во ладниот фил, додајте претходно изматен 200 гр путер со 4 кесички ванилин шеќер.
Поделете го филот на два дела.
Во едниот додајте:
250 гр чоколадо за готвење
Во другиот додајте:
250 гр мелени ореви
Измешајте и составете ја тортата вака:
Kора
Фил со чоколадо
Фил со ореви
Кора
Фил со Чоколадо
Фил со Ореви
Кора
Фил со чоколадо
Фил со ореви
Декорирајте по желба! На здравје.
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!