Печивата што можете да ги купите од најблиската пекара се една од најбрзите опции за појадок, но нивниот вкус и квалитет ретко може да се спореди со домашното печиво, кое ќе си го направите со ваши раце и со познати состојки.
Јас често подготвувам домашни печива, а топли, варени гевречиња комбинирани со јогурт, ајран или кефир е еден од моите омилен рецепти кои сите во семејството ги обожаваат! Често ги подготвувам за појадок и секогаш се полн погодок, па затоа решив да го споделам рецептот со вас.
Внимавајте-вашите најблиски ќе уживаат во овој вкусен и здрав појадок, па можно е да ви го бараат често! 🙂


Домашни Варени Гевречиња-Проверен Рецепт
За тестото ви е потребно:
1 кг брашно
1 квасец
3 лажички сол
3 лажички шеќер
100 мл масло за готвење
500 мл вода
Додатни состојки:
1 литар вода
Шеќер
Подготовка:
Од сите состојки, замесете меко тесто. Оставете го да отстои половина час. Потоа, поделете го на 32 еднакви топчиња (тука можете да користите кујнска вага) за да бидете сигурни дека сите ќе се исти.
Оставете ги да отстојат па потоа формирајте ги гевречињата.
Во еден длабок сад, додајте шеќер и кога ќе се карамелизира, додајте 1 литар вода. Нека зоврие и откако ќе зоврие, намалете на средна температура. Обликуваните гевречиња, едно по едно ги пуштате во врелата вода, секое по 1 минутка, и ги вадите.
Извалкајте го секое во сусам или мешавина од семиња. Наредете ги во тавче за печење. Печете ги на 200 степени Ц, околу 20 минути.
Сервирајте со омилениот прилог (ајвар, хумус или млечен намаз) и уживајте во совршениот појадок со вашите најмили.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!