Дали сте знаеле дека дома можете да си ги подготвите познатите Американски колачиња со чоколадо и путер брзо и лесно во удобноста на вашиот дом? Овие колачиња се премеки и премиризливи и се совршена ужинка за со или без кафе или чај.
Супер идеја се за патување, за дома кога некој ќе ви побара нешто интересно благо или пак кога едноставно сакате убаво домашно колаче. Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ја видите разликата помеѓу куповните и домашните Американски колачиња и секогаш ќе си ги бирате домашните!
Рецептот е лесен за следење, состојките неколку, а гарантирано секогаш излегуваат превкусни. Крцкави, а сепак доволно меки за да си ги јадете дури и од кесичка, овие колачиња се совршено благи и меки!
Не само најмалите, туку и целото семејство ќе ужива во овој извонреден десерт. А сега следи и рецептот…
Благодарност до @stilzeljana за инспирацијата за овој рецепт!
Најмеките Американски Колачиња со Чоколадо и Путер
Потребно ви е:
400 гр. остро брашно
1 лажичка прашок за печиво
Малку сол
200 гр. путер, отстоен на собна температура
150 гр. шеќер
2 јајца
200 гр. чоколадо за готвење, искршена на помали делчиња
1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
Изматете го путерот и шеќерот со миксер. Постепено додавајте ги и јајцата. Измешајте го брашното со прашокот за печиво и додајте го во смесата.
Додајте ја и чоколадата. Потоа, формирајте го тестото по должина, како за ролат, и исечете го на скоро еднакви делови.
Од секој дел, направете топчиња и притиснете ги со дланките по малку. Редете ги на тавче обложено со хартија за печење.
Не заборавајте да оставите простор помеѓу секое затоа што ќе се рашират за време на печењето. Печете ги во загреана рерна на 180 степени Ц, околу 15 минути. Времето е најубаво да го прилагодите според вашата рерна.
Кога ќе почнат да руменат од страните, можете да ги извадите.
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!