Новогодишните и Божиќните празници не можат да поминат без вкусен десерт, во мојот случај, тоа е домашна, празнична торта која изобилува со вкусови и текстура. Овој пат експериментирав со нов рецепт кој навистина заслужува да биде запомнет и споделен со вас.
Одличен избор за љубителите на чоколадото Најлепше Жеље како и за оние најпребирливите-сигурна сум дека ниту тие ќе можат да и одолеат! Подгответе си ја за Божиќната трпеза и уживајте во неодоливата комбинација на три кремасти филови и меки, миризливи кори!



Најкремастата Празнична Торта: Најлепше Жеље
За корите (потребни ви се 4 вакви):
4 белки
4 лажици шеќер
50 гр. печени и мелени ореви
2 лажици брашно
1/2 лажица прашок за печиво
1 лажица оцет
Подготовка:
Се матат белките со шеќерот додека не добиете цврст крем. Додајте го оцетот и продолжете да матите уште малку. Во цврстиот крем, додајте ги оревите, брашното и прашокот за печиво. Промешајте со лажица. Префрлете во тавче број 20×30. Печете 15 минути во загреана рерна на 180 степени Ц.
Фил број 1:
6 жолтки
500 мл млеко
8 лажици шеќер
6 лажици брашно
125 гр. путер или маргарин
100 гр. чоколадо Најлепше Жеље со бисквити, ситно сечкана
50 гр. мелени и печени лешници
3 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
Жолтките, млекото, шеќерот и брашното измешајте ги убаво да се соединат. На тивок оган, постојано мешајќи, гответе околу 4 до 5 минути, да добиете густ крем. Во топлиот крем, се додава путерот и ванилиниот шеќер.
Промешајте и потоа покријте со стреч фолија и оставете да се олади на собна температура. Потоа,префрлете го кремот да отстои најмалку 2 часа во фрижидер. Кога ќе го извадите, изматете го кремот убаво со миксер и додајте ја сечканата чоколада и лешниците.
Додајте и 2 лажици од Фил број 3.
Фил бр.2:
10 жолтки
5 лажици шеќер
100 гр. Најлепше Жеље Noisette
125 гр. путер или маргарин
2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
Изматете ги жолтките и шеќерот со миксер и гответе на пареа или во микро да добиете густ крем. Во топлиот крем, додајте ги путерот, ванилиниот шеќер и чоколадото. Покријте со стреч фолија и оставете да се излади на собна температура.
Фил бр. 3:
2 шлаг пени изматени по упатство
За составување на тортата:
Кора
1/2 фил број 1
Тенок слој од фил број 3
Кора
Фил број 2
Тенок слој од фил број 3
Кора
1/2 фил број 1
Тенок слој од фил број 3
Кора
Декорација:
Јас користев чоколадна глазура:
100 гр. млечна Најлепше Жеље
2 лажици масло за готвење
Од страните ја премачкав со шлаг крем од ванила.
На здравје и среќни празници!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!