Ако сте љубители на кремасти, сочни и богати десерти, ќе мора да ја испробате оваа преубава Москва торта, сигурна сум дека веднаш ќе ви стане омилената домашна торта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Пролетно уживање: Мини Павлови
Во овој блог пост ќе ви откријам како да ја подготвите оваа елегантна торта дома – чекор по чекор, за совршен вкус и изглед. Тортата е идеална за родендени, слави, кога сакате да ги изненадите најблиските или за било кој друг посебен момент.
Јас ја подготвив за мојот роденден и се воодушевив! Обожавам вакви кремасти, но сепак лесни и освежителни торти, кои не се тешки, а сепак имаат богат вкус. Затоа со задоволство го споделувам рецептот со вас – да уживате во секој залак исто како што уживав јас!
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Чоколадна Торта со Вишни и Рум



Москва Торта Рецепт
За корите (4 вакви):
5 лажици шеќер
4 белки
2 лажици брашно
6 лажици мелени ореви
1 лажица мелени бисквити/Плазма
1 лажица оцет
Подготовка:
Се матат пенасто белките и шеќерот. Се додава оцетот и се мати уште малку. На крајот ги додавате брашното, оревите и бисквитите и изматете со лажица.
Префрлете во тавче со димензиии 20×30, распоредете убаво и печете околу 20 минути на 180 степени Ц.
За филот:
16 жолтки
20 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
250 мл млеко
+350 гр. путер
4 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
Изматете ги сите состојки и на тивок оган гответе додека не добиете густ крем, мешајќи постојано. Во топлиот крем, додајте ги путерот и ванилиниот шеќер. Убаво изматете да се растопи путерот (претходно отстоен на собна температура) и да се соединат состојките.
Покријте со стреч фолија и нека се олади на собна температура. Кога ќе се излади, префрлете го кремот во фрижидер да отстои најмалку 2 часа.
Пред составување на тортата, изматете го кремот со миксер.
Додатни состојки кои ви се потребни:
400 гр. исцедени вишни
400 гр. исцеден и ситно исечкан ананас од конзерва
100 гр. крупно сечени печени лешници
400 мл. изматена слатка павлака
За составување на тортата:
Кора
Фил
Вишни
Слатка павлака
Кора
Фил
Ананас
Слатка павлака
Кора
Фил
Лешници
Слатка павлака
Кора
За покривање на тортата, јас користев изматена шлаг пена (1 кесичка)
Декорација по желба.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!