Мојата Роденденска: Мињон Торта

Мојата Роденденска: Мињон Торта

За мојот 60-ти роденден, решив да си направам некоја торта што ја немам правено одамна и сум многу задоволна што ја избрав токму оваа превкусна мињон торта!

Богата со три превкусни, различни кори богати со лешници, бадеми и ореви, пресекот ќе ве освои веднаш и можно е да барате уште по едно парче.

Двата фила се вистинско чоколадно уживање и оваа торта е совршена за оние кои секогаш избираат чоколадни торти. Дали ќе одлучите да си ја направите роденден или некој друг посебен момент, оваа торта нема да остави рамнодушен никого!

Топло ви ја препорачувам… доколку решите да ја подготвите, не заборавајте да ги споделите фотографиите и искуството со мене.

Рецептот го пронајдов на marinastaste.com каде што можете да си пронајдете и многу други преубави торти и други прекрасни рецепт.

Мињон Торта Рецепт

За корите (3 вакви):

4 белки

5 лажици шеќер

150 гр мелени, печени лешници (за кора 1)

150 гр мелени, печени бадеми (за кора 2)

150 гр мелени, печени ореви (за кора 3)

1 лажица брашно

1 лажица презла

Подготовка:

Белките и шеќерот се матат пенасто. Додајте ги лешниците, брашното, и презлата. Изматете со лажица. Повторувате со останатите две кори, додавајќи ги бадемите во втората и оревите во третата.

Печете ја секоја во тавче број 20×30, околу 20 минути на 180 степени Ц.

Фил број 1

300 мл слатка павлака

300 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Загрејте ја павлаката до пред вриење и додајте го чоколадото. Мешајте постојано да се соедини и стопи чоколадото.

Нека се олади убаво и ставете во фрижидер. Пред филување, изматете ја смесата со миксер.

Фил број 2

300 мл млеко

12 жолтки

8 лажици шеќер

3 лажици брашно

200 гр чоколадо за готвење

200 гр путер/маргарин

3 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Жолтките, шеќерот, брашното, и млекото се матат со миксер. На тивка температура се готви постојано мешајќи да добиете густ крем.

Додајте ја и чоколадата и путерот. Измешајте убаво да се растопи чоколадото. Додајте го и ванилиниот шеќер.

Покријте со стреч фолија и нека се олади. Кога ќе се олади, префрлете во фрижидер. Пред филувањето, изматете го филот со миксер.

За составување на тортата:

Кора со бадеми

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора со ореви

Фил број 1

Фил број 2

Кора со лешник

Фил број 1

Фил број 2

Декорација по желба!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *