Миризливи и Меки Тиква Погачици

Миризливи и Меки Тиква Погачици

Тиква ни е едно од најомилените јадења периодов на многу од нас!

Дали тоа е печена тиква консумирана како десерт со попладневното кафе, мафини со тиква за појадок, супа од тикви да не згрее кога е ладно, или овие преслатки тиква погачици, тиквата е многу разновидна и може да се искористи за голем број рецепти.

Полна со хранливи состојки и превкусна во било која комбинација.

Овие миризливи и меки тиква погачици не само што се направени во облик на тиква, туку и се направени со тиква и се пресочни. Можат да бидат супер појадок со чаша топло млеко или ужинка-најмалите посебно ќе уживаат во нивниот вкус.

Одлични се за да ја донесете празничната атмосфера во домот, а подготовката е лесна.

Доколку одлучите да ги испробате, не заборавајте да ги споделите вашите фотографии во коментар на овој пост, во мојата фб група Gotvime so Jadranka или на мојот инстаграм профил @gotvimesojadranka.

Ве очекувам!

Миризливи и Меки Тиква Погачици Рецепт

Потребно ви е:

1/2 кг брашно

250 гр пире од тиква (смеса од варена тиква)

200 мл млако млеко

100 мл масло за готвење

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1 кесичка ванилин шеќер со арома на портокал

1 кесичка ванилин шеќер

Малку цимет

1/2 свеж квасец или 1 кесичка сув

1 лажичка прашок за печиво

Останатo:

1 јајце

Готварски конец

Подготовка:

Замесете убаво тесто од состојките, по потреба, може да се додаде уште брашно за да биде нелепливо тестото. Премачкајте го со масло и нека отстои 1 час.

Потоа, го делите на 16 топчиња и ги обликувате убаво. Со готварски конец, се преврзува да добиете форма на тиква. Нека отстојат 20 минути. Премачкајте го секое парче со со изматено јајце.

Печете на 200 степени Ц, 15 до 20 минути. Кога ќе се оладат, ги сечете конците.

Декорација по желба.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 9000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *