Меки Ролнички со Кашкавал, Сирење и Шунка

Меки Ролнички со Кашкавал, Сирење и Шунка

Прекрасни и меки ролнички со кашкавал, сирење и шунка во кои целото семејство ќе ужива. Домашните печива се преубав избор за појадок или ужинка или за било кој друг дел од денот.

Подготовката на овие ролнички е многу интересна па затоа ќе уживате во целиот процес. Јас за филот ги користев трите состојки (шунка, кашкавал и сирење), но вие можете да си ги изберете вашите омилени.

Овие ролнички се супер идеја затоа што можете да си го менувате филот и нема никогаш да ви здосадат.

Тестото е совршено меко и миризливо, а викендот е совршен период да испробате некој нов рецепт!

Меки Ролнички со Шунка, Кашкавал и Сирење Рецепт

Потребно:

1 кг брашно

2 јајца

200 мл вода, млака

200 мл млако млеко

2 кесички сув квасец или 1 коцка свеж

200 мл масло

3 лажички сол

3 лажички шеќер

Останато:

1 коцка маргарин отстојан на собна температура, за премачкувањето

За филот:

300 гр шунка

200 гр кашкавал

100 гр сирење

Подготовка:

Замесете меко тесто од состојките. Го делите тестото на четири делови и секој од деловите на четири топчиња.

Расукајте го секое топче во големина на средна чинија и премачкајте со маргарин. Редете ги едно врз друго, последното не го премачкувате.

Од секој дел, расукајте правоаголна кора. Ставате шунка, па кашкавал, па сирење низ целата кора. Завиткајте ја кората како ролат, од доле кон горе.

Сечете парчиња во големина од три до четири центиментри, по хоризонтала. Ги редите во тавче. По повторувате истото со останатите три кори.

Ги оставете да отстојат околу 30 минути па ги премачкувате со јајце. Наросете сусам и ким и други семки по желба.

Се печат 20 минути во загреана рерна на 180 до 200 степени Ц.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *