Дали сте слушнале за крафини? Овој десерт е комбинација од добро-познатите кроасани и мафини, па оттаму доаѓа и необичното, впечатливо име.
Ги обожавам затоа што се одличен спој на меките крoасани и уникатната форма на мафините. Ги направив за прв пат пред некое време и сите што ги пробаа кажаа дека им се нов омилен десерт!
Зошто Овие Крафини Мора да ги Пробате?
Може да се каже и дека се поздрави од некои други десерти- нема никакво пржење во зејтин или додатни и непознати адитиви што досега не сте ги сретнале или користеле.


Крафините ми се допаѓаат и поради прекрасните слоеви на тенкото тесто кои се гледаат кога ќе ги скршите на половина.
Тестото е во основа лесно за правење ако ги следите постапките правилно.
За декорацијата одзгора јас користев шеќер во прав, но вие можете да изберете нешто друго, на пример цимет, какао во прав, па дури и шлаг-има доста опции!
Ајде сега да го видиме рецептот заедно!
Крафини Рецепт
За тестото, ќе ви треба:
500 грама бело брашно
100 мл. масло за готвење
100 мл. млеко
100 мл. вода
1 јајце
1 квасец
1 лажичка сол
4 лажички шеќер
Останати состојки:
Mаргарин или путер
Подготовка:
Од горните состојки, направете меко и формирано тесто. Оставете го 45 минути покриено да стои. Потоа, поделете го тестото на топчиња- околу 100 грама едно.
Секое од топчињата треба да се расука и да се формира правоаголна кора.
Секоја од овие кори се премачкува со 20 до 30 грама маргарин/путер и треба да ги виткате во форма на долги стапчиња-околу 20 цм. Потоа, ќе ги пресечете по должина, на половина.
Од секоја половина, виткајте ги во круг- како полжав. Сечениот дел треба да ви дојде одозгора.
Наредете ги во калап за мафини.
Претходно, премачкајте го калапот со путер и брашно за да не се лепат. Печете ги во рерна на 220 степени Целзиусови, 15 минути.
Кога се готови, сервирајте ги со шеќер во прав одозгора или нешто друго по ваш избор.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 6000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!