На прв поглед едноставна, но со раскошен вкус и преубава арома што ќе ги почуствувате со првиот залак, оваа бела розен торта е совршениот избор за сите оние кои обожаваат торти со бел фил и готови кори.
Со два прекрасни фила, оваа торта ја подготовив за роденденот на мојата постара ќерка и навистина беше полн погодок.



Им се допадна на сите, а декорацијата соодвествуваше со зимската атмосфера што ја носи месец Јануари.
Оваа торта треба да си ја подготвите ако сакате десерти со розен кори и ако сакате бели филови. Мека, вкусна, и миризлива, оваа торта ќе ве однесе во светот на бајките!
А еве и како да си ја подготвите.
Благодарност до блогот marinastaste.com за споделувањето на рецептот за овој прекрасен рецепт.
Бела Розен Торта Рецепт
За корите:
1 пакување Розен кори
Фил Број 1
1 литар млеко
6 лажици шеќер
3 пудинга од ванила (тука може и пудинг со вкус на слатка павлака доколку успеете да го најдете овој производ во некој маркет. Јас го барав во разни маркети во Куманово, но не го најдов па се одлучив за пудинг од ванила)
250 гр маргарин или путер
200 гр шеќер во прав
200 гр бело чоколадо
Подготовка:
Измешајте го прашокот за пудинг во 2 дл млеко.
Остатокот од млекото го заедно со шеќерот додека не почне да врие. Кога ќе зоврие, додајте го пудингот и мешајте постојано додека смесата не згусне.
Потоа, додајте ја белата чоколада и мешајте убаво за да се стопи и да се соедини целата смеса. Покријте ја смесата со стреч фолија.
Оставете ја да се олади првин на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
Во меѓувреме, маргаринот или путерот ги матите пенасто заедно со шеќерот во прав. Потоа, додајте ги на убаво оладениот фил. Изматете со миксер пред да го нанесете филот на корите.
Фил Број 2 (и за покривањето на тортата):
300 гр шлаг во прав
5 дл кисела вода
Подготовка:
Изматете го прашокот за шлагот заедно со киселата вода.
За составување на тортата:
Ја премачкувате секоја од корите со Фил број 1 а потоа со Фил број 2. Повторувате додека не ги искористите сите кори.
Тортата ја покривате со остатокот од филот број 2.
Декорација по желба.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!