
Здраво на сите!
Јас сум Јадранка и обожавам да готвам и споделувам рецепти.
Иако тортите ми се најголема страст, уживам да подготвувам традиционална македонска храна и да испробувам нови рецепти. Љубовта за готвењето е присутна кај мене уште од младоста, кога поминувам часови и часови во кујната, гледајќи ја мајка ми како готви.
Инспирацијата за овој блог доаѓа од прекрасните членови од мојата група на ФБ, Готвиме со Јадранка, кои секогаш се радуваат кога ќе споделам рецепт.
Па оттука, сакав да создадам и место каде ќе можам да зборувам за моите рецепти детално, но исто и да понудам интересни и корисни совети за оние кои сакаат да си ги подобрат вештините во кујна.
Се надевам ќе бидам ваша инспирација да се заљубите во готвењето и дека ќе уживаме во ова вкусно патување заедно!
Со љубов!