Мислам дека нема некој кој нема пробано Грчка торта-една од најсовршените торти според мене.
Има неодолив и феноменален вкус што се добива со комбинацијата од црно и бело чоколадо, ореви и кршена плазма.
Мислам дека она што најмногу ме освои кај оваа торта е тоа колку убаво се спојуваат листовите со филот и колку е вкусно кога ќе ги почуствувате искршените парчиња плазма и чоколадо низ целото парче торта.




Навистина, потполно уживање е за непцето и сите ќе ја обожаваат, особено оние кои не сакаат преблаги торти, а и за љубителите на чоколадо.
Бела Грчка Торта Рецепт
За корите (3 вакви):
4 белки
4 лажици шеќер
1 лажица оцет
Изматете со миксер.
Додајте:
4 лажици мелена Плазма или мелени бисквити
5 лажици мелени ореви
Префрлете во тава број 20×30. Печете околу 20 минути на 180 степени Ц.
За филот:
600 мл млеко
300 гр шеќер
Ставете ги да зовријат.
Посебно изматете:
200 мл млеко
12 жолтки
8 лажици брашно
Изматете со миксер. Додајте го во млекото. Гответе да добиете густ крем, матете постојано.
Ставете на страна и покријте со стреч фолија да се олади.
300 гр путер, изматен со 4 кесички ванилин шеќер
Во оладениот крем, додајте:
Додајте и:
100 гр сецкана Бела чоколада
100 гр црна чоколада
100 гр сецкани ореви
150 гр сецкана Плазма или ситно скршени бисквити
Составете ја вака:
Кора
Фил
Повторувајте до крај. Завршувате со филот.
Јас ја покрив со 2 шлаг креми од ванила, претходно изматени, според инструкциите на кесичката. Декорирајте по желба…
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 6000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!