Есенско Уживање: Тарт со Смокви

Есенско Уживање: Тарт со Смокви и Ореви

Овој фотогеничен тарт ќе ви направи да се чуствувате како професионален готвач, иако подготовката не е потешка од правење пита.

Полна со свежи смокви, ароматични ореви и неизоставната ванила, овој десерт ја повикува есента во вашиот дом и сите убавини што таа ги носи со себе.

Мислам дека ќе оди совршено со шолја кафе или чај и сите обожаватели на смокви ќе бараат уште по едно парче! Подлогата е лесна за подготовка, како што е и случајот со повеќето тартови, што е совршено за оние кои немаат многу слободно време.

Кога е сезона на смокви, овој десерт мора да се проба! Импресивен десерт за почеток на есента кој ќе ве освои и со вкусот и со изгледот. Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно:

Тарт со Смокви и Ореви Рецепт

Потребно ви е за подлогата:

200 гр брашно

100 гр путер/маргарин

2 жолтки

2 лажици вода

Прстофат сол

4 лажици шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

Кора од еден лимон

За филот:

2 белки

4 лажици шеќер

100 гр мелени ореви

60 гр путер

2 кесички ванилин шеќер

Останато:

15 до 16 смокви, средна големина, исечени на половина

Тавче за тарт -24 цм

Подготовка:

Замесете тесто од состојките и ставете го во фрижидер да отстои 30 минути. Потоа, го расукувате во големината на тавчето, ама да ги опфати и страните.

Избоцкајте го тестото со вилушка.

Изматете ги белките со шеќерот и додајте ги оревите и путерот и ванилата. Распоредете ја оваа мешавина врз тестото. Одозгора наредете ги смоквите, притискајќи ја секоја по малку.

Печете 30 минути на 200 степени.

Пред сервирање, можете да наросите шеќер во прав. Сечете по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *