Ако сакате да направите пауза од покомплексните торти кои бараат многу состојки, труд и одвоено време, ви ја препорачувам оваа старинска превкусна, а лесна за подготовка Катерина торта.
Овој рецепт го имам во мојата тетратка со рецепти која ја чувам уште од младоста и торта која си ја подготвувам за мојот роденден.
Ја немав правено одамна затоа што почнав да експериментирам и со други торти и десерти, но секогаш и се навраќам кога сакам сигурен рецепт и вкусно уживање.
Зошто да ја Пробам Катерина Тортата?
Ќе ви се допадне многу ако сте љубител на ореви и суво грозје. Аромата од лимон на секој залак ќе донесе освежување и посебен шмек, тоа е загарантирано.
Ви ја препорачувам за секоја прилика, не можете да погрешите. Изглед и вкус, навистина оваа Катерина торта има се што е потребно!
Катерина Торта Рецепт
Кора бр 1:
10 белки
10 лажици шеќер
Изматете ги со миксер.
Додајте:
8 лажици брашно
Рендана кора од 1 лимон
Сок од 1 лимон
Измешајте со лажица.
Префрлете во тавче број 32/28. Печете околу 40 минути, на 150 степени Ц.
Кога ќе се олади, исечете на половина да добиете 2 вакви кори.
Кора бр 2:
8 жолтки
1 јајце
9 лажици шеќер
Изматете пенасто со миксер.
Додајте:
250 гр ореви, ½ сецкани, ½ мелени
150 гр сецкано суво грозје
1 лажица брашно
Кора од 1 лимон
Изматете со лажица. Префрлете во истото тавче од претходно, околу 20 до 25 минути на 150 степени Ц.
За филот:
750 мл млеко
300 гр шеќер
Ставете да зоврие.
Посебно изматете со миксер:
10 лажици брашно
2 жолтки (од претходните 10 белки што ви останаа)
250 мл млеко
Додајте во врелото млеко и продолжете да готвите да добиете густ крем. Нека се олади.
Посебно изматете:
250 гр путер
4 кесички ванилин шеќер
Соединете со оладениот фил.
Составете ја вака:
Кора 1
Фил
Кора 2
Фил
Кора 1
Фил
Кора 2
Фил
На крај, јас ја покрив целата со шлаг крем. Можете и шлаг пена. На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 8000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!