Десерт Топчиња со Карамела и Плазма

Десерт Топчиња со Карамела и Плазма

Доколку се мислите што да подготвите за новогодишната трпеза, за слава или пак за некој друг ваш посебен момент, а не сакате тоа да трае долго и да ви одземе време, топло ви ги препорачувам овие десерт топчиња со карамела и плазма.

Мирисот е извонреден, подготовката брза и лесна, и нема никакво печење и стоење до рерната со часови!

Комбинацијата на плазма и карамела е секогаш добитна, а кога ќе се спојат со путерот, навистина се уживање за целото семејство.

Декорацијата е по ваш избор-со овие бомбици, можете да бидете креативни и да го изберете вашиот омилен начин и да ги направите убави и во вкусот и во изгледот.

Десерт Топчиња со Карамела и Плазма

Потребно ви е:

100 гр млеко

100 гр карамела бомбони

50 гр путер

Подготовка:

Растопете ги овие состојки на средна температура, мешајќи постојано.

Кога се растопат карамелите, додајте:

150 гр Плазма или мелени бисквити

100 гр мелени ореви

Ако е ретка смесата, додавате уште плазма и ореви а ако е прегуста, додавате малку млеко.

Оставете ја смесата да се олади убаво и потоа формирате топчиња, отприлика 15 до 16 излегуваат доколку ги правите да бидат со средна големина.

Декорирајте по желба. Јас ги покрив со топена чоколада за готвење.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 9000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *