Кремаста, чоколадна, и со препознатлив мирис и вкус на кикирики, ќе ве освои на прва. Ја подготвив неодамна за прв пат и морам да ви признаам дека бев презадоволна и морав да го споделам рецептот со вас!
Торти
Мојата Роденденска: Капри Торта со Јагоди и Вишни
Пресекот ќе ве остави без зборови, а сите кои обожаваат јагоди и вишни мора да ја пробаат!
Превкусната ,,Швалерка” Торта со Необично Име
Оваа торта може да биде совршениот избор за вас ако сакате јаки, благи и сочни торти.
Пролетно Уживање: Мини Павлови Тортички
За мене лично, овие Павлови мини тортички се совршениот пролетен десерт-ве заблажува и освежува во исто време. Крцкав и кремаст десерт кој навистина е неодолив и се јаде во еден здив.
Неодоливата Барон Торта со Малини и Чоколадо
Верувајте ми-вкусот е извонреден. Толку е неодолива тортата и е преубаво како чоколадото и филот од малините се надополнуваат еден со друг.
Шогетен Tорта, Совршен Вкус и Текстура
Лично, ја обожавам Шогетен млечната чоколада, но и останатите верзии како тирамису, лешник, јагода, итн. Ако сакате да ги изненадите вашите најблиски со превкусно парче торта кое ќе оди совршено со шолја кафе, оваа торта е вистинскиот избор!
Навистина е Медена: Фантастичната Медена Торта (Руски Медовик)
Богата со мед, тортата е баш мека, а листовите се совршена комбинација со филот, па затоа и пресекот е извонреден. Навистина е една од пофотогеничните торти!
Јадранка Торта- Чоколадна Фантазија
Најмногу од се ми се допаѓа тоа што листовите совршено се спојуваат со филот, а вкусот и текстурата се навистина прекрасни. Корите со лешници исто така даваат посебна арома.
Грчка Торта-Феноменален Спој на Чоколадо, Ореви и Плазма
Мислам дека она што најмногу ме освои кај оваа торта е тоа колку убаво се спојуваат листовите со филот и колку е вкусно кога ќе ги почуствувате искршените парчиња плазма и чоколадо и низ целото парче торта.
Милка Торта, Највкусното Чоколадно Уживање
Совршен десерт ми е за вакви посебни моменти затоа што сите што ќе ја пробаат ќе го запомнат нејзиниот кремаст и чоколаден вкус (ќе бараат и парче плус!) .




