Ако сте љубител на кокос, овие Рафаело коцки мора да ги пробате!
Овој пат, имам за вас еден брз и лесен десерт, малку да одмориме од тортите кои бараат повеќе време, повеќе состојки и повеќе искуство. Решив тоа да бидат овие меки и неодоливи коцки со кокос со вас затоа што се превкусни.
Ги подготвувам со години и мислам дека секогаш ќе ги правам. Навистина се преубави.
Миризливи, лесни за правење и супер вкусни, ќе им се допаднат на сите, од 7 до 77 години! Состојките се само неколку основни и нема да потрошите многу, а ќе имате цело тавче од овој преубав десерт.
За да бидат уште повкусни, слободно оставете ги во фрижидер неколку часа пред сервирање.
Ајде да го ѕирнеме и рецептот заедно…
Брзи и Лесни Рафаело Коцки Рецепт
Потребно ви е:
6 белки
6 лажици шеќер
Изматете и додајте
60 грама кокосово брашно
2 лажици брашно
Префрлете во тавче 20×30 и печете на 200 степени Ц околу 20 минути.
Кога ќе се олади, полијте со 200 мл топло млеко.
За филот:
600 мл млеко
200 гр шеќер
Нека зоврие смесата па додајте и:
посебно изматени 6 жолтки
200 мл млеко
3 пудинга од ванила
Гответе додека не згусне кремот.
Покријте со стреч фолија и тргнете на страна да се олади.
Посебно изматете:
200 гр путер
4 кесички ванилин шеќер
Додајте го на оладената смеса.
Намачкајте ја кората со фил, израмнете и посолете со кокосово брашно.
Сечете по желба.
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!