Безвременската Опера Торта

Безвременската Опера Торта

Безвременската Опера торта ми е една од омилените торти и со задоволство ја подготвувам за посебни моменти. Оригиналниот рецепт, според некои податоци, потекнува од 1890 додека други кулинарни експерти тврдат дека потекнува од Париз, од некаде во средината на 20тиот век.

Нејзиното име велат дека е во чест на Париската Опера. Оригиналниот рецепт се состои од кори со лешници потопени во сируп од кафе и полнети со фил крем со кафе и чоколаден ганаш. Се покрива најчесто со чоколадна глазура.

Денес постојат многу различни верзии на оваа преубава торта и секоја од нив е убава на свој начин.

Без разлика на дебатата околу потеклото на оваа торта, едно е сигурно, а тоа е дека е превкусна комбинација на чоколадо и кафе која е вредна за целиот вложен труд.

Кремаста и богата, оваа торта се состои од меки и сочни филови и неодолив фил со чоколадо и кафе. Опера торта секогаш ветува вкусно уживање. Оваа торта е идеална за сите, од најмалите до највозрасните. Супер е за родендени, прослави, празници, итн.

Опера Торта Рецепт

За корите (2 вакви):

10 белки

10 лажици шеќер

2 лажици презла

150 гр мелени ореви

2 лажици брашно

Подготовка:

Изматете ги јајцата додека не бидат пенасти. Потоа, додајте ги останатите состојки и изматете уште еднаш за да се спојат сите состојки убаво и ја распоредувате смесата во плехот (35×40). Кога ќе ги испечете двете кори, ги сечете на половина за да добиете вкупно четири кори.

Ги печете на 120 степени Ц, околу 25 минути (зависи од рерната).

За филот:

20 жолтки

200 гр шеќер

4 до 5 лажици вода

250 гр путер

200 гр шеќер во прав

3 лажици инстант кафе измешано со малку млака вода

Подготовка:

Изматете ги 20те жолтки со шеќерот и водата и гответе ги на пареа да добиете густ крем. Кога кремот е готов, ставете го на страна да се олади убаво.

Кога ќе се олади, измешајте го со мешавината од путер, шеќер во прав и кафе.

Го делите овој фил на два еднакви делови.

Во еден од нив, додајте 200 гр истопена чоколада и ова е филот број 1. Другиот е филот број 2. Пред да ја составите тортата, премачкајте ги сите четири кори со 300 гр. истопена чоколада измешана со 125 гр. путер.

За да ја составите тортата:

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

За декорацијата, јас користев чоколаден ганаш. Вие можете нешто друго по ваша желба доколку сакате (фондан, шлаг, итн.)

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 9600 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *