Баница со Лобода и Кајмак од Селски Кори

Баница со Лобода и Кајмак од Селски Кори

Оваа баница со лобода, кајмак и урда е вистинско уживање за сите кои обожаваат баници и пити. Но, овој пат нема месење: оваа баница се прави со готови кори и вкусот е неодолив!

Подготовката е доста брза и лесна, што ја прави совршен избор за овие топли денови кога сакаме нешто вкусно, ама да не трае подготовката со часови.

Јас користев селски кори овој пат, но вие можете да си користите кори по ваш избор или онакви какви што имате во моментот. Што и да изберете, оваа баница ветува уживање!

Лобода е едногодишна билка и денес ја има низ цела Европа и расте покрај ливади, реки и патишта. Оваа билка, т.е. нејзините листови се богата со витамин А и Ц, калциум, и железо. Совршена е во вакви баници, но и во сосови, супи, манџи, салати, сендвичи, итн.

Вкусот на лобода е ароматичен, солен, и доста прилагодлив.

Може да се јаде измиена и сурова или пак термички обработена, изборот е ваш. Доколку не можете да ја најдете, слободно користете си спанаќ, блитва или некој друг зеленчук или билка по избор.

Баница со Лобода и Кајмак од Селски Кори Рецепт

Потребно ви е:

Селски кори или други по желба (во овие кори имаше 8 парчиња)

За филот:

1/2 кг лобода, можете да користите блитва, спанаќ, итн. (исчистена и измиена)

250 гр урда

100 гр кајмак

Сол по желба

Подготовка:

Измешајте ги состојките убаво. Ова е филот.

Понатаму, редите кора па фил, а секоја кора прво се премачкува со масло и вода па потоа нанесувате од филот.

За оваа мешавина, потребно ви е:

350 мл вода

150 мл масло

Најгорната кора се прска со маслото исо водата пред печење и ја сечете баницата по желба. Печете 30 минути на 200 степени Ц.

Преостанува да уживате со чаша јогурт или ајран. На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 10,500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *