Баклава со Вишни од Готови Кори

Баклава со Вишни од Готови Кори

Баклава е еден од моите омилени десерти. Ги обожавам во секоја варијанта, а често и експериментирам со различни вкусови и кори.

Овој пат се одлучив за баклава од готови кори со преубав фил од вишни. Комбинацијата на оваа киселкасто шумско овошје со благиот шербет е совршено за сите што сакаат помалку благи десерти.

Користењето на готови кори го олеснува целиот процес, па ќе можат и помалку искусните да си ја подготват без проблем.

Само неколку состојки ве делат од супер вкусна баклава!

Баклава со Вишни од Готови Кори Рецепт

Потребно ви е:

500 гр готови кори

5 јајца

100 гр шеќер (може, но и не мора, во зависност од колку благо сакате)

250 мл јогурт (или кисела вода)

120 мл масло за готвење

1 прашок за печиво

1/2 кг вишни, свежи или замрзнати

3 лажици презла

Подготовка:

Се матат јајцата убаво.

Се додаваат јогуртот, шеќерот, половина од маслото, и прашокот за печиво. Се промешува убаво. Поделете ги корите на два дела. Ако има 20, 10 на една страна, 10 на друга.

Од првата половина на кори, секоја се премачкува со филот. Последната не се премачкува. Ги ставате вишните и презлата.

Потоа, се редат втората половина на кори. Секоја се премачкува со филот. Доколку имате уште фил, слободно посипете врз горниот дел на баклавата. Сечете по желба пред печење.

Втората половина од маслото се загрева. Попарете ја баклавата со маслото пред печење.

Печете на на 200 степени Ц, околу 35 минути. Јас користев тавче број 35×25.

Кога ќе ја извадите, оставете ја 5 минути да се олади и посипете ја со ладниот шербет.

За шербетот:

700 гр шеќер

850 мл вода

1 кесичка ванилин шеќер

Сок од еден лимон

Подготовка:

Шеќерот и водата ги ставате да зовријат. Откако ќе зоврие смесата, варете уште 5 минути. Тргнете на страна и додајте ги лимонот и ванилата. Шербетот го оставате да се олади целосно.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,700 членови!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *