Роденденска Торта: Чоко Нугат

Роденденска Торта: Чоко Нугат

Ако ви се ближи некој важен датум и сакате да си подготвите вкусна домашна торта, тогаш овој рецепт за Чоко Нугат торта е совршениот избор за вас. Оваа вкусна и кремаста торта со ароматични и меки кори ја подготвив за мојот роденден, и морам да кажам дека ме воодушеви.

Можеби ќе ви се допадне: Домашна Чоколадна Торта

А, ги остави без зборови и сите кои ја пробаа, некои дури побараа и парче плус! Доколку чоколадните торти и вам ви се омилени, топло ви ја препорачувам да си ја испробате и вие. Рецептот е лесен за следење, а доколку имате прашања, секогаш можете да ни се обратите на инстаграм (gotvimesojadranka), Фејсбук (Gotvime so Jadranka), или на имејл: jveskovska@gmail.com.

Можеби ќе ви се допадне: Киндер Буено

Од срце ви благодарам на преубавите желби за мојот роденден и што одделивте момент од вашето време да ми посакате убави нешта. Ви посакувам убавини на сите и ни значи вашата поддршка!

Чоко Нугат Торта Рецепт

За корите (2 вакви):

10 белки

10 лажици шеќер

10 лажици мелени ореви

2 лажици брашно

1 лажичка оцет

Подготовка:

Се матат белките пенасто. Постепено додавајте го шеќерот и на крај додајте го оцетот. Матете уште една до две минути. Додајте ги оревите и брашното и промешајте убаво со лажица. Се пече во голема правоаголна тава, со димензии отприлика 43×37, околу 20 минути на 180 до 200 степени Ц, зависно од рерната.

Кога ќе се олади кората, исечете ја на половина.

Фил бр 1:

20 жолтки

15 лажици шеќер

300 гр квалитетна чоколада за готвење

Подготовка:

Изматете ги жолтките и шеќерот и згответе ги на пареа, постојано мешајќи да добиете густ фил. Веднаш додајте го чоколадо и покријте ја смесата со стреч фолија. Нека се олади целосно на собна температура.

Фил бр.2:

800 мл млеко

2 пудинга од чоколадо

6 лажици шеќер

4 лажици брашно

200 гр. путер или маргарин

4 до 5 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Млекото, шеќерот, пудингот и брашноте со маталка изматете ги убаво да нема грутки. Ставете на тивок оган да се готви, околу 10 до 15 минути, постојано мешајќи, додека не добиете густ крем. Веднаш додајте го путерот/маргаринот и ванилиниот шеќер.

Кога ќе се растопи, изматете со миксер. Покријте ја смесата со стреч фолија и нека се олади на собна температура. Кога ќе се олади целосно, спојте го со првиот фил, користејќи миксер.

Фил бр.3

300 гр хопла

200 гр. сецкана Милка чоколада

150 гр. крупно сецкани лешници

Подготовка:

Се мати хоплата со миксер и кога ќе ја изматите, додајте ги Милката и лешници и измешајте со лажица.

За составување на тортата:

Кора

Чоколаден фил

Фил бр 3

Кора

Чоколаден фил

Фил бр 3

Кора

Чоколаден фил

Фил бр 3

Кора

За покривање на тортата, изматете 4 шлаг пени, подготвени по упатство.

Декорација по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *