Со оглед на тоа дека помалата ќерка обожава Kinder Bueno, особено со бело чоколадо, знаев кој ќе биде изборот за роденденска торта. Оваа домашна Kinder Bueno торта, со богати и кремасти филови и неодоливо ароматични и меки кори со бадеми, нуди неодоливо изобилиство од вкусови.
Можеби ќе ви се допадне: Киндер Торта



Оваа торта е совршен избор е за сите што сакаат кремасти торти и љубителите на Kinder Bueno. Доколку имате посебен датум што сакате да го одбележите со вкусна торта, нема да погрешите ако се одлучите за оваа. Подготовката не е воопшто комплицирана, а чекорите ги споделив подолу.
Можеби ќе ви се допадне: Чоколадна Торта
Совршена е!
Киндер Буено Торта Рецепт
За корите (4 вакви):
4 белки
4 лажици шеќер
4 лажици мелени бадеми (или лешници)
1 лажица брашно
1 лажичка оцет
Подготовка:
Се матат белките пенасто и постепено се додава шеќерот. Матете се додека не добиете густа смеса. На крај додајте го оцетот и матете уште една минута. Додајте ги бадемите и брашното и измешајте со лажица.
Префрлете во тавче (јас користев број 26) и печете околу 15 минути на 180 степени Ц.
Фил број 1
Потребно ви е:
(овој фил се подготвува еден ден порано)
400 гр. бело чоколадо
200 мл. слатка павлака
250 гр. маскарпоне
6 чоколатки Kinder Bueno со бело или црно чоколадо
Подготовка:
Исечкајте го чоколадото и полејте го со претходно загреана (не зовриена) хопла. Мешајте убаво да се растопи чоколадото и покријте со стреч фолија. Нека се олади целосно па ставете ја смесата во фрижидер да отстои преку ноќ.
Кога ќе ја извадите, изматете ја убаво со миксер, постепено додавајќи го маскарпонето. Продолжете да матите додека не се соединат состојките убаво. Додајте ги претходно исечканите Kinder Bueno чоколатца и измешајте со лажица.
Фил број 2
750 мл. млеко
16 жолтки
4 лажици шеќер
2 чоколадни пудинга
4 лажици брашно
Подготовка:
Изматете ги со миксер или рачно состојките да нема грутки. Ставете на тивок оган, постојано мешајќи, и гответе додека не добиете густ крем. Отприлика 10 до 15 минути.
Во топлиот крем додајте:
200 гр. путер или маргарин
4 кесички ванилин шеќер
200 гр. чоколадо за готвење
Мешајте додека состојките не се растопат и потоа со миксер изматете за да добиете хомогена смеса. Покријте со стреч фолија и оставете да се олади на собна температура, а потоа во фрижидер на барем 2 часа. Кога ќе го извадите филот, изматете со миксер. По потреба, додавајте по малку млеко, околу 50 мл, доколку е многу густ кремот.
За составување:
Премачкајте три кори со тенок слој чоколаден крем по ваша желба.
Кора
Фил број 1
Фил број 2
Кора
Фил број 1
Фил број 2
Кора
Фил број 1
Фил број 2
Кора
За покривање и декорација на тортата јас користев ганаш со бело чоколадо, а вие можете по желба.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!




