Роденденско Изненадување: Чоколадна Торта со Рум и Вишни

Роденденско Изненадување: Чоколадна Торта со Рум и Вишни

22 март е еден од најубавите датуми во мојот живот затоа што е роденден на мојата помала ќерка. Секоја година се обидувам да и подарам уникатна домашна торта, па така и оваа.

Овој пат одлучивме тоа да биде преубава чоко вишна-чоколадна торта со рум и вишни: вистинско освежително и кремасто уживање!

Богата со меки кори и три преубави филови, рецептот за оваа торта морав да ја споделам со вас-од преубав пресек до извонреден вкус, причините да си ја направите се многу.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Капри Торта со Јагоди и Вишни

Подгответе си ја и вие и нека оваа торта и вас засекогаш ве потсетува на некој убав момент во вашиот живот.

Среќен роденден Кристина, сите желби да ти станат реалност!

Чоколадна Торта со Рум и Вишни Рецепт

За корите (4 вакви):

4 белки

5 лажици шеќер

5 лажици мелени ореви

1 лажица мелени лешници

1 лажица брашно

1 лажица оцет

Подготовка:

Се матат белките и шеќерот пенасто. Додајте го оцетот и матете уште малку. На крај, додајте ги останатите состојки и измешајте убаво со лажица.

Префрлете во тавче со димензии 20×30 или 26 цм. ако сакате да биде округла. Печете во загреана рерна на 180 степени Ц, околу 15-20 минути.

Фил бр. 1:

700 мл млеко

16 жолтки

10 лажици шеќер

8 лажици брашно

200 гр чоколадо за готвење

200 гр путер

4 кесички ванилин шеќер

2 лажици рум

Подготовка:

Млекото, шеќерот, жолтките и брашното се матат со маталка да се спојат состојките. Ставете на тивок оган и гответе околу 10 минути, мешајќи постојано, додека не добиете густ крем. Во топлиот крем, додајте ги чоколадото, путерот и ванилиниот шеќер.

Изматете убаво се да се соедини. Тргнете на страна и покријте со стреч фолија да се олади на собна температура, а потоа 2 часа да отстои во фрижидер. Кога ќе го извадите од фрижидер, додајте го румот и изматете со миксер.

Фил бр.2:

400 гр вишни

6 лажици шеќер

1 пудинг од ванила (растворен со 100 мл ладна вода)

1 желатин (измешан со 50 мл вода)

2 лажици рум

Подготовка:

Ставете ги вишните и шеќерот да се растопат на тивок оган, околу 5 минути, и додајте го пудингот. Измешајте убаво да добиете густ крем. Тргнете го топлиот крем на страна и додајте го желатинот. Убаво измешајте и додајте го румот. Нека се олади покриен со стреч фолија на собна температура.

Фил бр.3:

3 шлаг пени, изматени по упатство

Составување на тортата:

Кора

Фил бр 1

фил бр 2

Фил бр 3

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Фил бр 3

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Фил бр 3

Кора

Јас ја покрив тортата со чоколаден ганаш. За подготовка на истиот, потребно ви е:

300 гр. чоколадо

300 гр слатка павлака

Подготовка:

Гответе додека не почне да врие и тргнете на страна (внимавајте да не почне да врие). Промешајте убаво и ставете да се олади на собна температура, а потоа префрлете во фрижидер да отстои преку ноќ. Пред употреба, изматете со миксер.

Декорација по желба-на здравје!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Чоко Плазма Торта со Лешници

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *