Домашна Баклава со Мак: Најлесниот Рецепт

Од вкусна баклава, никогаш доста!

Ако ме следите на мојот блог и на социјалните мрежи како Инстаграм и Фејсбук, веројатно веќе знаете колку често подготвувам баклава и споделувам рецепти од истите со вас. За мене ова е еден од најубавите десерти, покрај тортите, затоа што можете да одите со класичните верзии или да експериментирате со различни комбинации на вкусови.

Баклава со мак за мене е совршената баклава за љубителите на традиционални вкусови, а самата арома на мак и создава посебно крцкава текстура која е совршена комбинација со корите.

Рецептот е брз и лесен па е совршената опција кога сакате да подготвите убав домашен десерт, а сепак да биде вкусно и да не ви требаат часови и часови за подготовка на истиот.

Доколку веќе ја имате подготвувано оваа неодолива баклава, не заборавајте да го споделите рецептот со вашите најблиски кои знаете дека ќе го обожаваат овој десерт!

Домашна Баклава со Мак: Најлесниот Рецепт

Потребно ви е:

1/2 кг кори за баклава

За шербетот:

850 мл вода

700 гр шеќер

1 до 2 кесички ванилин шеќер

1 лимон, исечкан на кришки

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во тенџере и ставете да врие. Откако ќе зоврие смесата, оставете ја да врие уште седум минути. Тргнете на страна да се олади целосно.

За филот:

3 јајца

200 мл јогурт (може и 1/2 јогурт и 1/2 кисела вода)

200 мл масло за јадење

200 гр мелен мак

1 кесичка прашок за печиво

Подготовка:

Смесата измешајте ја убаво. Во тавче, јас користе со димензии 20х30, наредете две кори па распоредете низ нив три до четири лажици од филот. Повторувајте ја истата постапка до крај. На последните три кори, не ставате фил.

Пред печење, исечете ја баклавата по желба. Во загреана рерна на 200 степени Ц, печете 10 минути и потоа уште 30 минути на 180 степени Ц.

Кога ќе ја извадите баклавата, додека е уште топла, попарете ја со целосно оладениот шербет.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 12,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *