Сиртаки Торта: Роденденско Кремасто Изненадување

Сиртаки Торта: Роденденско Кремасто Изненадување

Обожавам да подготвувам домашни торти, а особено кога се за моите најмили. За роденденот на мојата помала ќерка на 22-ри март, како и секоја година, и подготвив изненадување: домашна, кремаста, и превкусна Сиртаки торта!

Корите се превкусни и воздушести и се дополнуваат совршено со двата фила. Филот е првично еден а потоа го делите на два делови, едниот е кафеав а другиот жолт. И двата се превкусни и неодоливо кремасти и богати со чоколадо и Плазма.

Јас овој пат ја направив тортата да биде во форма на коцка, но вие можете да си ја направите во било кој друг облик кој ви одговара (круг, правоаголна, итн.)

Пресекот е навистина извонреден!

Среќен роденден најмила моја.

Потребно за корите (3 вакви):

6 белки

6 лажици шеќер

1 лажица оцет

6 лажици мелени ореви

3 лажици мелена плазма

1 лажица брашно

1/2 кесичка прашок за печиво

Подготовка:

Се матат белките, шеќерот и оцетот да се добие густа и цврста смеса. Додајте ги оревите, плазмата, брашното и прашокот за печиво. Измешајте со лажица.

Ја префрлате смесата во тавче 26цм x 26 цм. Се пече 20 минути на 180 степени Ц, во претходно загреана рерна.

За филот:

1.2 литри млеко

12 лажици шеќер

18 жолтки

12 лажици брашно

1 коцка маргарин

3 кесички ванилин шеќер или ванила арома

200 гр црно чоколадо за готвење

100 гр. Милка чоколадо, црно, исечкана ситно

100 гр. Милка чоколадо, бела, исечкана ситно

100 гр. ситно сечкани плазма бисквити

Подготовка:

Млекото, жолтките, шеќерот и брашното ги матите со миксер. На тивок оган, постојано мешајќи, ја готвите смесата се додека не добиете густ крем.

Во топлиот крем ги додавате маргаринот и ванилиниот шеќер. Изматете малку со миксер да се соедини смесата. Поделете ја два еднакви делови.

Во едниот дел ставете го чоколадото за готвење. Измешајте да се растопи и соедини убаво. Покријте ги двата фила со стреч фолија. Нека се оладат на собна температура па потоа нека отстојат 2 часа во фрижидер.

Кога ќе ги извадите, со миксер изматете ги. По потреба, додајте млеко ако е многу густ кремот.

Во филот без чоколадо (жолтиот фил) додајте ги црната и белата Милка и сечканата плазма. Промешајте со лажица.

За составување на тортата:

Kора

1/2 од жолтиот фил

Кора

Целиот чоколаден фил

Кора

1/2 од жолтиот фил

За декорација јас користев бел ганаш обоен со гел боја. Вие можете по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *