Пролет Торта

,,Пролет” Торта со Бело Чоколадо и Бадеми

Пролет е секогаш инспирација за нови рецепти и вкусни уживања.

Па така, за еден посебен ден, 22-ри март, за роденденот на мојата помала ќерка решивме да ја испробаме оваа превкусна ,,Пролет” торта со бело чоколадо и бадеми.

Морам да признаам дека кремастиот вкус и комбинацијата на состојките ни се допадна премногу! Два извонредно кремасти филови со превкусни кори со бадеми е комбинација која не се пропушта.

За декорацијата избравме путер крем избоен со прехрамбена гел праска боја и мешавина од цвеќе што се јаде. Навистина беше полн погодок во секој поглед па затоа го споделувам рецептот и со вас.

Вреди да се проба и да го одбележи вашиот посебен момент…

Среќен роденден најмила!

,,Пролет” Торта со Бело Чоколадо и Бадеми Рецепт

Потребно за корите (за 3 вакви):

5 белки

5 лажици шеќер

5 лажици запечени и мелени бадеми

1 лажици презла

Подготовка:

Ги матите белките пенасто и го додавате шеќерот и матите постојано. На крај ги додавате бадемите и презлата и мешате со лажица.

Повторувате за сите три кори исто. Се печат во тавче број 26, 15 минути на 180 степени Ц.

Фил број 1

Потребно ви е:

15 жолтки

600 мл млеко

8 лажици шеќер

2 пудинга од ванила

4 лажици брашно

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно и на тивок оган ги готвите додека не добиете густ крем. Мешајте постојано.

Во топлиот фил додавате:

200 гр путер

100 гр бело чоколадо

3 кесички ванилин шеќер

Убаво измешајте да се спојат сите состојки и покријте со стреч фолија да се лади на собна температура. Кога ќе се олади, префрлете во фрижидер да отстои барем 2 часа.

Кога ќе го извадите филот, изматете го со миксер и додајте:

150 гр мелени бадеми

Поделете го филот на три еднакви делови.

Фил број 2

Потребно ви е:

250 гр слатка павлака

100 гр мелени бадеми

100 гр еурокрем блок чоколадо, сечкана ситно

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака но не да биде прегуста. Додајте ги бадемите и чоколадо. Измешајте убаво.

Поделете го филот на 2 еднакви делови.

Составување на тортата:

Кора

Фил број 1

Фил број 2

Кора

Фил број 1

Фил број 2

Кора

Фил број 1

За декорација јас користев путер крем.

Потребно ви е:

Еден путер, отстоен на собна температура

320 гр шеќер во прав, просеан

3 лажици слатка павлака

Екстракт од ванила, неколку капки

Гел прехрамбена боја, опционално

Подготовка:

Матете го путерот неколку минути додека не биде кремаст и почнете постепено да го додавате шеќерот во прав. Немојте одеднаш за да избегнете грутки.

Откако ќе го додадете целиот шеќер, продолжете да матите уште неколку минути. Додајте ја и павлаката, екстрактот и неколку капки од прехрамбената боја зависно од јачината на бојата која ја сакате.

Треба да добиете воздушест крем кој е доволно цврст за убаво нанесување и правење форми во шприц.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *