Црно-Бела Бајадера со Бисквити и Лешници

Црно-Бела Бајадера со Бисквити и Лешници

Бајадери ми се еден од омилените ситни колачи, а причините се многубројни. Лесни за подготовка, вкусни, и погодни за експериментирање со вкусови, ретко кога бајадера е лош избор.

Многу од вас ќе се сложат со мене, особено кога ќе ја вкусат оваа премека и ароматична црно-бела бајадера со мелени бисквити и лешници.

Неодоливиот вкус, прекрасната арома и лесната подготовка се само неколку причини зошто треба да си ги набавите состојките уште денес и да си ја подготвите.

Верувајте ми, целото семејство ќе ужива!

Благодарност до @my_little_kitchen_stories за споделувањето на овој преубав рецепт. Посетете го нејзиниот инстаграм за многу вкусни рецепти.

Бајадера со Бисквити и Лешници Рецепт

Потребно ви е:

300 гр Плазма или мелени бисквити

800 гр шеќер

250 мл вода

150 гр лешници (мелени)

150 гр ореви (мелени)

1 коцка маргарин

2 лажици какао

Подготовка:

Ставете ги водата и шеќерот да зовријат. Штом ќе зовријат, тргнете ги на страна и додајте ги бисквитите, оревите, лешниците и маргаринот.

Мешајте постојано да добиете хомогена смеса. Поделете ја оваа смеса на два дела.

Во првиот дел, додајте го какаото. Намрсете го дното на плех за печење или послужавник и нанесете го овој дел рамномерно.

Одозгора наредете го вториот дел од смесата, т.е. белиот дел. Израмнете убаво и подгответе ја глазурата.

За глазурата:

300 гр чоколадо за готвење

1 лажица масло за јадење

Подготовка:

Стопете ја чоколадата заедно со маслото на тивок оган. Додека е топла глазурата, нанесете ја рамномерно врз светлиот слој.

Нека се олади и потоа декорирајте по желба.

Нека отстои во фрижидер за да се стегне убаво и потоа сечете парчиња по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *