Маргарети: Меко Печиво со Сирење

Маргарети: Меко Печиво со Сирење

Толку меки и толку вкусни, овие маргарети се преубаво печиво кое со помош на овој рецепт ќе можете да си го подготвите на полесен и практичен начин.

Рецептот е малку поразличен (поедноставен е) во делот на подготовка на тестото од оној стандардниот, но ветува еднакво неодолив вкус!

Дали ќе уживате во нив за појадок, ручек или вечера, никогаш нема да ве разочараат. Вкусот е преубав и буквално се топат во уста. Иако овој пат јас користев сирење за филот, вие навистина можете да експериментирате со состојките.

Од кашкавал до сувомеснати производи, изборот е голем. Сите, од најмалите до највозрасните, ќе уживаат во нив. Подготовката е исто така интересна и ќе уживате, особено ако ги правите во друштво.

Одлични се и како коктел печиво, па можат да бидат супер идеја за кетеринг или воопшто послужување храна за група луѓе.

Инспирацијата за рецептот беше од видео каналот на Aurora Recepti.

Маргарети: Mеко Печиво со Фил од Сирење Рецепт

За тестото:

400 гр брашно

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 кесичка сув квасец или 25 гр свеж квасец

80 гр стопен путер или маргарин

250 мл млако млеко

Подготовка:

Во поголем сад, измешајте ги со лажица брашното, квасецот, солта и шеќерот. Потоа, додајте ги стопениот путер и млакото млеко. Продолжете да мешате со лажицата, а потоа почнете да го замесувате тестото со раце.

Префрлете го на набрашнета работна површина и додавајте брашно по потреба додека месите. Продолжете додека не добиете меко, хомогено, нелепливо тесто.

Вратете го во садот и покријте го со кеса. Нека отстои 30 минути. Потоа, тестото поделете го на 16 топчиња.

Секое од топчињата го исукувате во големина на мини чинија. Треба да добиете тенко тесто, но не претенко. Со горниот дел на чаша, правите вдлабнатина во кругот.

Делот што останува од страните го преклопувате во форма на бројот 8 и потоа ги спојувате двата круга во еден.

Кругот го ставате одозгора на останатиот дел од тестото. Го притискате нежно од страните да се спојат. Празнината внатре ја полните со по една лажичка од филот.

Го повторувате истото со останатите топчиња. Ги редите во тавче и ги ставате да се печат, на 200 степени околу 15 до 20 минути.

За филот:

1 белка од јајце

300 гр сирење

Издробете го сирењето и измешајте го со белката.

За премачкување:

1 жолтка од јајце

Сусам

Премачкајте го секое од парчињата од страните со жолтката и наросетесете со сусам.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 10,700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *