Овој брз летен колач со црешни и бело чоколадо ќе ве воодушеви, не само со својот убав изглед, туку и со извонредниот вкус.
Брза подготовка и враќање во детството, овој колач е малку подобрена верзија од ваквите слични колачи од минатото што нашите баби ги подготвувале.



Сите состојки се мешаат во еден сад и потоа се префрлаат во тавче и колачот оди на печење. Мирисот кој се шири додека се пече ќе го направи овој колач вашиот омилен десерт ова лето!
Навистина обожавам вакви брзи и превкусни десерти, како кокос тортата без печење што неодамна ја подготвив и сите беа изненадени од неодоливиот вкус!
Благодарам @miris_aprila за одличниот рецепт!
Летен Колач со Црешни и Бело Чоколадо
Потребно ви е:
3 јајца
150 мл јогурт
120 гр путер, стопен
350 гр брашно
300 гр,измиени, исчистени, и исечени цреши
150 гр шеќер
1 кесичка прашок за печиво
50 мл слатка павлака
100 гр бело чоколада
Останати состојки:
100 гр бело чоколадо за горниот дел
Исчистени и измиени цреши (оставате дел од оние во филот)
Тавче со димензии 30×20
Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот убаво. Додајте ги путерот и јогуртот и изматете повторно. Додајте го брашното и прашокот за печиво и матете повторно. Додајте ги чоколадото (истопено) и слатката павлака. Изматете уште еднаш и смесата е подготвена.
Moжете чоколадото и слатката павлаката да ги подговите и на следниот начин:
Ставете ја павлаката во тенџерче да зоврие. Потоа, прелијте ја врз парчињата бело чоколадо и мешајте додека не добиете убав ганаш. Потоа овој ганаш го додавате во смесата, претходно изматен малку, не премногу. Но, ефектот е ист било кој начин да го изберете.
Посипете брашно во тавчето па префрлете ја смесата во него. Загрејте ја рерната на 200 степени Ц и ставете го тавчето. Останатиот дел од црешите ги додавате одозгора.
Печете околу 45 минути. После 20 минути, намалете ја температурата на 170 степени Ц. После 20тина минути од печењето, покријте го колачот лесно одозгора со фолија за да ја задржи убавата боја, а да се испече и внатре.
За декорација прелијте со стопената чоколада но прво нека се олади малку колачот.
Сечете по желба и уживајте!
НА ЗДРАВЈЕ 🙂
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,000 членови!