Оваа сукана баница со кисела зелка и сирење се топи во уста-ќе ви се допадне вкусот, а посебно комбинацијата на филот (кисела зелка и сирење).
Дали за појадок или за ручек, оваа превкусна баница вреди да се проба и сите ваши најмили ќе го обожаваат вкусот. За мене баница со зелка е секогаш највкусната опција. Овој пат е уште повкусна во комбинација со сирење.



Уживајте во неодоливиот вкус додека е уште топла баницата со чаша јогурт или ајран-секогаш ќе се бара парче плус!
Сукана Баница со Кисела Зелка и Сирење
Потребно ви е:
500 гр брашно
150 мл топло млеко
150 мл топла вода
4 лажици масло
½ лажичка сув квасец
2 лажички шеќер
1 лажичка сол
Останати состојки:
150 гр маргарин
50 гр нишесте
500 гр кисела зелка
200 гр сирење
Подготовка:
Од сите состојки замесете меко тесто и нека отстои 15 минути. Поделете го тестото на 12 топчиња. 6 топчиња ги расукувате во големина на мала чинија.
Истото го правите и со другите 6. Првите ги премачкувате со омекнат маргарин (вкупно 150 гр) и секое го поклопувате со расуканите кори кои не се премачкани.
Нека отстојат 15 минути. Од секое, расукувате голема кора. При сукање се солат со нишесте (вкупно 50 гр за сите).
Попрскајте ја секоја кора со масло за јадење. Ставете го и филот по желба. Мојот фил беше околу 500 гр кисела зелка ситно исечкана и пропржена и 200 гр. сирење.
Се виткаат како обичен ролат и се редат во тава. Се сечат на парченца, во големина по желба. Нека отстојат додека се загрее рерната.
Печете на 220 степени Ц, околу 10 минути и уште 20 минути на 200 степени Ц.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која се ближи до 10,000 членови и се споделуваат извонредни рецепти за сечиј вкус секојдневно!