Оваа Несквик торта е уникатно и кремасто уживање на кое не може лесно да се одолее. Сочни кори, преубава комбинација на филови и добропознатата неодолива арома на Несквик која ги освојува сите.
Одличен избор е кога сакате да си одбележите посебни моменти, прослави, родендени, итн. А секако и дека можете да си ја пробате без некој посебен повод доколку сте љубител на торти и на Несквик. Понекогаш, не ни треба посебна причина за убав десерт, нели?
Пресекот е извонреден и привлечен, па така да и оние најприбирливите нема да и најдат маана. Доколку го следите рецептот чекор по чекор, дури и ако сте почетник во правењето торти, ќе имате одлична торта!
Декорацијата е по желба затоа што тука е моментот да ја активираме нашата креативност, а и секако, да ја одбереме најсоодветната опција според моментот.
Несквик Торта Рецепт
За корите (3 вакви ви се потребни):
5 белки
5 лажици шеќер
1 лажица оцет
100 гр ореви, мелени
1 лажица презла
1 лажица брашно
Подготовка:
Пенасто се матат првите три состојки со миксер. Потоа, се додаваат останите и се промешува со лажица. Се префрла во тавче 20 x 30 и се пече на 180 степени Ц, 15 до 20 минути.
Фил бр 1
600 мл млеко
15 жолтки
2 пудинга од ванила
3 лажици брашно
200 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
250 гр Несквик
150 гр путер
Подготовка:
Се матат жолтките, пудингот, 200 мл млеко и брашното. На страна, зовријте 400 мл млеко и шеќер. Додајте го претходното изматено во зовриената смеса и продолжете да готвите и да добиете густ крем, 5 до 6 минути.
Покријте со стреч фолија и оставете да се олади. Во оладениот крем, додајте посебно изматен путер, Несквикот и ванилата. Изматете убаво да се соедини.
Фил бр 2
2 шлаг кремови од ванила, изматени по упатство
За да ја составите тортата:
Кора
Фил 1
Фил 2
Кора
Фил 1
Фил 2
Кора
Фил 1
Фил 2
Декорација по желба. На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!